Фељтон: Томе Велјановски

Мицевци беа момци кај Утовци се преселија во с. Мало Рувци за понатамошни момци.
Откако ги преварија турските јуруци од Канатларци со помош на турските кадии Петко Џелин наш зет за сестра на татко ми Атанас му посигна и на куќното место надвор му пцуеле стопанката на гуските од Амдија тетин на Петко Џелини татко ви Атанас. На татко ми му ја пикна цевката од пушката во задникот и не заздраве,умре со крварење. На Петко му ја одзедоја сосе куќа Петко се иссели во с. Ерековци. Неговата куќа се наоѓаше под патот на Крстеската ограда во кое тоа место и ден денес марулци го викаат Петкоа куќа.
А додека братот на Петко Џелин Цветко момок кај бегот Амдија скроил план болната анама на бегот Амдија на половина пат ноќта за Прилеп за кај еќимо ја излечил Цветко, насмеана ја вратил дома во Марул и бегот Амдија го нарекол еќим. За да не се отрие далаверата на анамата со Цветко, Цветко фамилијарно се исели во с. Беровци.
Китевци беа рајати, нивната куќа беше на местото од гојдарникот на Јован Мурџески. Боге Китески за престој од шесте месеци во Србија сестри му ги тераше со српски пцовки на работа и тие се преселија во Прилеп. Сепак пиралото во реката под Новачевци го задржа и денес китеско пирало.
Трипискуловци се стари деленици со Таневци, гробовите во Марул ни се едни до други како сведоци рече дедо Стојче Танески. Трипискулоски Дамјан е отепан во данчулица од канатларските турски ловџии. Небарем скорнатиот зајак од нивните загари идел према нив, но од повикот на Дамјан во орањето зајакот го сменал патот за бегање, дошло до расправија помеѓу орачот Дамјан и ловџиите. Се налутиле ловџиите, ги навртиле пушките и го отепале орачот Дамјан. На Дамјан синот Тале имал четири деца: Васил, Грозда, Никола и Стојо. Стојо беше говедар во Марул. Едем летен ден ги пасеше говедата во Каракамен према Русечкото. Почнало да врни, Стојо се засолнал под некој камен од дождот. Наишол русечкиот полјак арнаутинот кичевски познат по прекарот Катиљ Шериф, го закачил говедарот Стојо, а ти чекаш да заврни да ги пасиш говедата во Русечкиот сињор. Говедата насобрани од дождот биле во марулското. Од збор по збор, дошло до поголема расправија, полјакот русечки Катиљ Шариф тргнал со пушката, го отепал марулскиот говедар Стојо.
Неговиот татко Тале и браќа му се исплашија од неговото убиство, братот Васил и таткото Тале се иселија за во Прилеп, братот Никола фамилијарно се исели во Бугарија, а додека сестрата на Стојо омажена за Јанкоски Илија во Марул до крајот на животот остана во Марул. Ова убиство било смислено од страна на бегот Адија Лазески. Амдија местото го завладеал неплатено, со времето изградил кула во местото. Грозда со Илија Јанкоски одрастија три деца Митра, Мара и Петре.
Плускач Трајко староседелец во с. Марул, женет за Велика Јанкоска ќерка на Јанкоски Ристе први. Брачниов пар Трајко и Велика работеле момци кај бегот Тефик Утоски. Во еден летен ден Асан Утоски, татко му на Тефик купил од Битола црвени пиперки, ги донесол на чифлик во Марул, ги нанижал во низи за сушење, се качил со скалата за да ги обесува низите од пиперките на ѕидот од кулата.
Во истото време, нивниот јунец бико стасал со рикање во дворот, ја зафатил скалата со роговите и ја превртил од ѕидот на кулата. Скалата паднала, стариот Асан од скапала, под скала, наместо умрел. Од тој настан Трајко и неговата жена Велика се исплашиле од некое убиство над нив и се иселиле во Штавица. Утовските бегови беа добри по душа. Вината ја префрлија на јунецот, ајван бе, не знае. Трајко и Велика во Штавица одгледаа четири деца Трајан, Јованка, Павле и Милан, така заврши тој случај, рече Танески Стојче.
Продолжува
![]()

