ТЕЛОТО НА ИСЧЕЗНАТА ПРИЛЕПЧАНКА ПРОНАЈДЕНО ВО ЕЗЕРОТО КАЈ РУДНИКОТ ,,СИВЕЦ,,

Во водите на езерото кај рудникот ,,Сивец” утрово во Прилеп било пронајдено телото на исчезнатата прилепчанка Весна Николоска (50) која синот Антонио, заедно со семејството и доброволци, ја бараа три дена откако таа го напуштила домот на 16 декември во 23 часот. Нејзиниот сопруг Т.Н. (51) во полиција на 17-ти декември пријавил дека се оддалечила од домот.
-Увидот бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција – информираат од МВР.
Откако синот објави на социјалните мрежи дека неговата мајка го напуштила домот, голем број доброволци и членови на Сапсителната служба Златоврв се вклучија во потрагата по неговата мајка.
Вчера, дури се пребаруваше и во Кавадарци и Неготино.
Семејството Николоски се сопственици на слаткарницата Дизниленд – Трејд во Прилеп.

Telooto na isceznatata Vesna Nikoloska pronajdeno vo ezeroto kaj rudnikot Sivec

Loading