БОРБА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ

ПРОТЕСТ СО  ВОЗИЛА НА ВМРО – ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП

            ,,Сервилната и предавничка политика на власта ја доведе Република Македонија и македонскиот народ пред тешки моменти, пред бришење. Малку им беше продажбата на името со Грција, па сега тргуваат со најсветото, особено за прилепчани, по нашите борци од Народноослободителната борба,,.

            Ова го изјави Дејан Проданоски, координаторот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ пред протестот со возила низ улиците на градот.

protest 1

 

             Според него, се тргува со илјадници знајни и незнајни херои кои животот го положиле во борбата против бугарскиот фашистички окупатор и придонесле за слободата на Македонија.

 

protest 2

            -Се прашуваме, каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18 мина во масакрот кај селото Дабница?

       Од кого биле убиени народните херои  Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев,  Кузман Јосифоски Питу, Вера Ацева, Борка Левата… и 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ? Дали загинале залудно борејќи се за своја држава? За жал, за власта ништо не е свето. Гази и врз последната гордост на својот народ – рече Проданоски.

protest 3

            Затоа заедно, сплотени, да им кажеме доста е! Доста е со распродажбата на нашиот идентитет, јазик, култура, традиција.

protest 4

            ВМРО – ДПМНЕ како политичка партија која својата идеологија ја темели врз вековната борба за слобода нема да дозволи Прилеп да биде понижен. Прилеп е ГРАД ХЕРОЈ и како таков ќе остане бранител на светите идеали за свои на своето. 

protest 5

            Проданоски го повика секој добронамерник за поддршка, оти не е време за партиски препукувања и поделби, туку за заедничка борба да падне оваа власт.

Loading