„МАКЕДОНИЈА – НА МАКЕДОНЦИТЕ“

pismo-2

Странскиот печат за македонското ослободително движење. Одзиви и мненија на видни европски дипломати, новинари и научници
Алфред Рапопорт, австро – унгарски конзул во Македонија од 1904 до 1909 г.
“Меѓу револуционерните акции на нашето столетие македонското востание од 1903 година, кое го носи славното име “Илинденско востание”, е едно од најзабележителните. Тоа е, и ќе остане засекогаш едно големо собитие во историјата на македонското ослободително движење, зошто тоа востание, макар и да не е прво, ниту се надевам, последно востание на Македонците ќе остане засекогаш најхеројската епоха од македонската борба”.
Енрико Гоци, во списанието “Еки е коменти” од 5.03.1926 г.
“Македонија не познава ред. Тоа не е по нејзина вина. Можам ли да ја обвинувам што се бори за независност, кога правото на самоопределување е високо прокламирано”.
Жестен Годар, сенатор, бивш министер и виден француски државник
“Борбите на Македонците се еден стремеж кон слобода на еден јасно посебен, и сознателен народ” (познат, осознаен).
Ср Едвард Бојл, претседател на “Лондонското друштво (здружение) за Блискиот и Средниот Исток,,. Списание “Контемпорери Ревјо”, кн.м.јуни 1927 г.
“Само со една умиротворена Македонија, самостојна и закрилена ќе може да се направи возможно полно смирување на духовите во разните балкански држави”.
Анри Макс, француски драмски автор
“Македонците имаат право да го бараат правото на сопствен живот. Анексиите кои го разделуваат, се бесправни”.
Виенскиот весник “Дие Зеит” во статијата “Востанието на Македонија”.
“Секој може да мисли за Македонците како што сака, но никој не може да одречи, дека тие се борат херојски за својата слобода,,.
Вилијам Гладстоун, британски премиер во два мандата и секретар за колонијални прашања на Велика Британија
Во својот напис во списанието “Бајрон” кое било активно за балканското прашање, ќе запише: “Зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Србија на Србите и Бугарија на Бугарите. Некои британски весници објавиле коментари за ова писмо на Гладстоу, кое било објавено во лондонскиот “Тајмс” на 6.02.1897 г.
Од сите овие изјави би заклучил дека одбраната на македонскиот идентитет е дел од заедничките човекови вредности зошто станува збор за право на секој народ на достоен опстанок. Недостиг на зрелост е да правиш компромис со национален интерес. Никој од овие познати европски дипломати, научници и новинари не спомнува за некаква бугарска Македонија, македонски Бугари или некаков си бугарски карактер на Илинденското востание.
Познатиот бугарски психијатар д-р Николај Михајлов рече дека Бугарите живеат “под бугарско ропство”. Тоа е парафраза на мудроста дека тоа што сам си го правиш, ниту најголемиот непријател не може да ти го направи. Тоа важи и за кај нас, во Македонија.
Цикличноста на историјата, освен логика содржи и праведност.

Прим. д – р Б. Дамески

 

Loading