АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Пишува рецензии и за ненапишани дела.

Х

Влада во сенка се бори за длабока ладовина.

Х

Не знаеше ниту “к”од комунизмот, но го поддрж уваше на сет глас. Сега тврди дека тоа “к” било од капитализмот.

Х

Се удави во чистите езерски води. Знаеше да плива само во матно.

Х

Бегајте од маргините ако не сакате да ве третираат како маргиналци.

Х

Ако си добро воспитан ќе мора да ги поднесуваш и оние кои тоа не се.

Х

Кога умот царува и царот му се покорува…

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading