НА ПАТЕКАТА НА ГОЛГОТА

Израел – Светата земја

1150657 isus-manastir ls

Предизвикот да се престојува во Светата земја Израел, или како што некои ја викаат Јудеја, е голем и отвора голем број прашања. Што е тоа што трае минатите 20 векови и ги бранува цивилизациите, предизвикувајќи конфликти? Што е тоа што го прави овој регион да биде толку атрактивен?

Контрастите предизвикуваат за посета одблиску, за запознавање на карактеристиките на Светата земја, за подалечната историја и за луѓето кои ја населувале. Во Стариот Завет е опишана како “ветена”. Од преданијата на пророците кои ги предвиделе и местата каде се случиле, се открива што е актуелно денес и се согледува низ призмата на она што претходело низ вековите.

Израел е местото каде, според Библијата, е создаден првиот човек создаден од Бога, кој, заради гревот е избркан од Рајот и е соочен со спознанието и сите предизвици што ги носи овоземскиот материјален свет. Низ столетијата одбраниот народ од Бога се соочувал со прогони, казни и уништувања. И повторно, по Божја милост, бил оставен понатаму да живее и опстојува. Ова е видливо и до денешен ден.

erusalim 1

Сликата за Израел добива поинаков карактер уште пред слегувањето од авионот на аеродромот во Тел Авив. Од височината се гледа модерен град со облакодери што наликува на метропола од 22 век. При првата контрола станува јасно дека безбедноста е на највисоко ниво. Со однапред договорен превоз, се патувакон Витлеем или “Градот на лебот” или “Градот на царот”. Таму се гледа другата светлина на Израел, бидејќи уште се наоѓа на непризнаената автономна област, Палестина. Овде се има чувство дека за се враќање назад низ вековите. Луѓето се сиромашни, одделени од т.н. еврејски делови на Израел со ѕид висок десетина метри и долг околу 730 километри. При влез од една територија во друга има строги контроли. Постои страв од терористички напади од радикалните групи. Витлеем од Ерусалим е оддалечен одвај 10 километри. Христијански Палестинци има исто колку и муслимани. Црквата изградена врз пештерата на Христовото раѓање е поделена.

rep-grob-otvoren2 620x0

Еден дел, кај јаслите припаѓа на Грчката православна црква, а од спротивната страна е римокатоличката катедрала. Спроти двата храма се наоѓа џамија. Љубопитно се ѕирка во тоа што опстојува повеќе од 20 века. Чувството  прераснува во блажено и дава сила на покајување. Величествено е поклонувањето на колевката каде, според преданието, преку девицата Марија дошол на свет синот Божји и Спасителот наш, од просторот каде бил сместен добитокот и овците, бидејќи немало место во гостилницата. Поуката е јасна: “Не е важно од каде потекнуваме, туку е важно за што сме дојдени, за нашите намери, да придонесеме за подобар свет”. Оттогаш времето е поделено на две ери, пред нашата и во нашата ера. Тоа соочување со нас самите кога на секому му се променува погледот на светот.

Бет Џала е црквата посветена на Св. Никола. Во близината е Домот на двението, каде што Маовитјанката се сретнала со Вооз и тука никнала династијата на идните цареви меѓу кои и царот Давид. Потоа доаѓа Полето на пастирите, местото каде на Божикната ноќ ангелите им ја соопштиле на пастирите радосната вест за раѓањето на Спасителот. Во градот Хеврон се наоѓа Маврискиот Даб, каде праотецот Аврам бил удостоен да ги пречека Светите Тројца. Местото се спомнува во Стариот Завет, каде богоугодниот Аврам ги нагостил тројцата ангели кои, според преданието, биле испратени од Безвременскиот Бог. Тука е местото каде, по Божја промисла, му е соопштено на Аврам дека неговата жена Сара, која била во длабока старост, на возраст од 99 години, ќе роди син. Таа ги слушнала зборовите на ангелите, сокриена зад шаторот, и се насмевнала. По нејзината насмевка, нивниот син го нарекле Исак, што во превод значи Смешко. На ова место е решено да се уништат градовите Содома и Гомора, бидејќи луѓето живееле во неморал и големо расипништво. Тогаш Бог наредил да се уништат двата града и на нивното место никогаш да нема живот. Денес таму е Мртвото Море, во кое нема живот.

erusalim svet grob 2

Јудејската пустина е каменеста и без трага од вегетација. Суровите услови го направиле своето. Како да е крајот на светот, но се појавува плантажа од урми, волшепство што може да се види само на овој дел од светот. Вредните и рационални Евреи успеале да ја направат пустината плодна. Со посветеност и упорност, во комбинација со наука, и најневеројатните нешта, можат да се претворат во реалност.

Галилејското Море го прави Израел е голем извозник на земјоделски производи. Воведен е напреден системот за наводнување, “капка по капка”. Туберијас е модерен и современ туристички град на околу 400 метри под нивото на морето. Тибериското Море е всушност, езеро, единствено на светот со морска и езерска вода која не се меша меѓу себе. На дното тече реката Јордан, во средниот слој има солена, морска вода, а на површината слатка вода. Тоа е најголемиот резервоар на вода за пиење во Израел. Во езерото има 153 видови риби. За ова се говори во преданието, кога, после Воскресението, Исус отишол кај своите ученици и ги пронашол покрај Галилејското Море, во очаен обид да ловат риби. Покрај упорноста, не можеле ништо да уловат. Исус им рекол да запалат оган на едно големо плато и да очекуваат голем улов. Истовремено ги советувал да ги фрлат мрежите од десна страна и, по кратко време, уловот бил богат. Во нивните мрежи имало 153 риби, односно тоа е бројот на видовите риби кои научно е докажано дека до ден денес живеат во тоа море. Во близина се наоѓа Табаха, каде, Исус, според преданието, со пет леба и две риби нахранил 5000 мажи. Видливи се остатоците од природен амфитеатар со извонредна акустичност. Во поново време, со помош на научни методи, докажано е дека, без никакво озвучување, говор на човек може јасно да се слушне кај толпа со повеќе од 7.000 луѓе.

800px-Jerusalem Holy Sepulchre BW 7 

За Светиот град, Ерусалим се патува по модерен автопат низ непрегледни и сурови предели на Јудејската пустина. По патот има бедуини, сиромашни жители на пустината. Ерусалим е поделен на еврејски, палестински и муслимански дел. Според преданието, влегувањето во градот е нагорнина. Качувањето не е лесно, бидејќи е високо на планина, небаре се качува кон небото и поблиску до покајувањето, страдањето, воскреснувањето… Тука е најсветото место за христијаните, гробот на Исус Христос. Овде Тој ја победи смртта и доброволно се предаде на најтешки маки за спасение на другите. Овде Тој го измина патот на страдањето, носејќи го својот крст. Пред распнувањето на Голгота, што во превод значи костурница, има една порта наречена Пресудна порта. Таа била последната пречка каде осудените на смрт со распнување можеле да добијат помилување. Тоа е познато од Римското право што се применува и во нашето правосудство, односно правото на повторно судење. Според преданието, доколку некој од толпата народ рече дека осудениот човек не е виновен и дека тој има доказ, поворката се враќа назад во просторијата и почнува повторна постапка за судење. Тоа може да се случи до моментот кога осуденикот не ја помине портата. По пречекорувањето на прагот на Пресудната порта нема враќање.

Импресиите од Израел се силни. Невможно е целосно да се пренесат. Единствениот начин да се доживее Светата земја е да се посетат сите места кои од историска, културна и религиозна перспектива, имаат огромно цивилизациско значење.                                                          

Loading