ПИЈАНО РЕЦИТАЛ НА АРДА МУСТАФАОГЛУ

ARDA  1Младиот пијанист Арда Мустафаоглу ќе одржи пијано рецитал вечерва од 19 часот во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе се претстави со дела од Скарлати, Равел, Шуман и Прокофјев. Ова е прв настап на талентираниот пијанист пред прилепчани, по концертите во Франција, Грција, Германија, Србија, Бугарија и Турција.

Шеснаесетгодишниот Мустафаоглу е добитник на многу награди на пијанистички натпревари во Европа. Настапува и со Македонската филхармонија.

Loading