„ДОЛГОТ НА ОПШТИНАТА ПРИЛЕП Е НУЛА ДЕНАРИ!“

Едногодишното работење на Градоначалникот Илија Јованоски

jovanoski

Наследив задолжена Општина, урбанистички хаос, злоупотреба на службената положба. Но, ветеното законско работење и мојата морална обврска кон граѓаните ги потврдувам. Ветив одговорно, економично, транспарентно и отчетно работење. Сè што направивме годинава е во консултација со Граѓанскиот парламент, со граѓанскиот сектор, со граѓаните на Прилеп. Направивме многу. Задоволен сум од сработеното, но секогаш може подобро и повеќе. Така ќе биде во иднина. Сега има нов амбиент, нови можности за работа во Општината Прилеп.

Наследив долг од неполни 3 милиони евра. На примопредавањето ексградоначалникот Марјан Ристески не го потпиша записникот што го изготвија неговите претходни соработници, само од нему познати причини. Околу 60 милиони денари се долг кон Светската банка за изградба на влезниот булевар во Прилеп. А, околу 38 милиони денари се ризик од судски извршни решенија кон поранешни доверители. Кон доверителите Општината беше задолжена околу 100 милиони денари. Овој долг е сега вратен.

-Не беше ажуриран ниту еден детален урбанистички план. Екс градоначалникот Ристески немал намера да гради ниту покриен базен, ниту детска градинка, бидејќи во ниту еден ДУП нема маркица за вакви објекти. Во овој момент вршиме промена на ДУП-овите. Ја пуштивме во употреба детската градинка „Рампо Левката”, каде се згрижени стотинаа дечиња. Во тек е постапката за новата градинка во Тутунски Комбинат. Се работи тендерот, што ќе биде реализиран по неколку месеци. Ќе бидат згрижени уште стотина деца. За другите, не повеќе од 300 дечиња, ќе изградиме нова градинка во Точила, до крајот на мојот мандат. Така што ќе биде решено згрижувањето на дечињата од предшколска возраст, проблем со којшто се соочуваа и родителите. Изградивме Дневен центар за детска парализа. Згрижени се 25-30 дечиња. Има одлични услови, задоволни се и родителите. Следната година ќе направиме повеќе за децата, за лицата со посебни потреби и со попречености – истакна градоначалникот Јованоски, посочувајќи на проектите коишто се дел од неговата изборна програма.

Според Јованоски, комплетно се уредени детските игралишта во Точила, во типската населба и во Варош, а ќе се уредуваат игралиштата во „Димо Наредникот” И Рид.

-Во населбата „Три багреми”, зајакнато е електрото напојувањето, тампониран е патот, подобрено е водоснабдувањето. Обезбеден е јавен бесплатен превоз за учениците од оваа населба. До крајот на оваа градежна сезона, и овој пат ќе биде асфалтиран. Исчистен е каналот на Дабничка река на потегот од касарните до вливот во Градската река во должина од 700 метри. Се чисти коритото и на Градска река од населбата Сточен пазар кон населба „Димо Наредникот” – соопштиГрадоначалникот Јованоски.

Инфраструктурно е интервенирно на повеќе локации.

-Се работи за рехабилитација, се тампонираат, се асфалтираат улиците, ставени се рабници, се санираат и ударните дупки. Следната година нема да остане улица што не е асфалтирана. Онаму каде што годинава се тампонирани, а улиците се уште без асфалт, е затоа што се прават пообемни интервенции со промена на старата азбестна и ставање на нова еколошка водоводна мрежа. Затоа што не се решени имотно-правните односи. Апелирам до сите граѓани, да го решиме овој проблем и Прилеп следната година ќе биде град без кал – најави Јованоски.

Реконструирани се улиците: ,,Кеј 1-ви Мај” во должина од 270 метри, ,,Кеј 9-ти Септември”, во должина од 310 метри и крак на оваа улица, во должина од 90 метри. Извршена е реконструкција на ул.,,Бранко Секулоски” во должина од 630 метри, а рехабилитиран е и дел од главната градска сообраќајна артерија, улицата „Александар Македонски”.

-Тампонирни се улиците: „Блаже Иваноски”, „Цане Кузманоски”, „Кресненско востание”, „Љубе Грујоски”, „Дабничка”, „Беровска”, „Киро Базеркоски” и „Славеј планина”. Тампонирање е извршено во селата Мало Коњари, Кадино село, Мажучиште, Галичани, Беровци, Големо Коњари и Ново Лагово.    Се изврши санација на ударни дупки и прокопи на коловозите во градот и населените места. Тековно се извршува припрема за асфалтирање на улиците: ,,Архимедова” и ,,Кеј Први Мај”. За рехабилитација со нов асфалт се подготвуваат улиците: „Јоска Јорданоски”, „Наум Наумоски”, „Февруарски поход”, „Андон Слабејко”, „Браќа Нунески”, „Ладо Лапецот”, „Ристе Секирчанец”, „Вера Циривири” и „Трајко Тарцан” – соопшти Јованоски.

Во Прилеп следната година овој период, сите улици ќе бидат асфалтирани”, вети градоначалникот Јованоски. 

За подобрување на условите во образованието за работа во сите училишта во градот. Вложени се 20 милиони денари. 

-Во постапка е тендерската документација за гасификација на секундарна мрежа во Прилеп. Изработена е Програма за енергетска ефикасност за периодот од 2018-2020 година. Завршен е и тендерот за набавка на 4 нови автобуси на метан, кои ќе бидат во функција следната година.  Во тек е набавка на противпожарно теренско возило преку Центарот за развој на Пелагонискиот-плански регион во висина од 100.000 евра. Во тек е изработка на проектна документација, а објавен е и конкурс за изработка на идеен проект за нов театар во Прилеп во урбан блок 3.13. Оддвоени се 3 милиони денари за основен проект за новиот театар во Прилеп –  кажа  Јованоски. 

Објавен е јавен оглас за идеен проект за уредување на речното корито над Градска река од Ѓогдере до Сточен  пазар. Битно е дека во следните 2 години ќе биде изградено речното корито на Градска река.

-Во тек е промена на ДУП во Точила за нова детска градинка и за изградба на спортско-рекреативен центар што ќе се гради близината. Оваа е алтернатива за ветениот проект за реконструкција на салата Македонија во спортско-рекреативен центар. Финиширана е постапката за преземање за користење на имотот, но во тек е проверката на евентуални концесионери. Бидејќи не знаеме дали би имало проблеми со реализацијата на проектот во овој објецт. Како алтернатива го подготуваме и проектот во Точила. Што значи ветеното ќе оствари, спортско-рекреативен центар ќе има во салата Македонија или во Точила – најави Јованоски.

Според него, спроведена е постапка за изработка на 30 ДУП-ови за населените места и делови од градот.

Прилеп годинава ја рализираше целата програма за култура, сите фестивали без каков било проблем.

И директорите на ЈП го презентираа едногодишниот извештај.

ДВА ГРЕШНИ И ШТЕТНИ ПРОЕКТИ

Наследивме два грешни и штетни проекти: училиштето во Сточен пазар и Градски стадион.

За училиштето се потрошени 12 милиони денари. Изградено е во крајно непристојни услови без пристапен пат, во ливада, без довод на струја, вода, ниту има одвод, а на растојание од 20-30 метри е градската река. Ова е налик на училиште и на крај на памет треба да му биде на човек овде да помисли, а не да гради училиште. Ова не доликува на училиште каде што треба да учат деца во урбана средина.

-За Градскиот стадион предвидени биле 28 милиони денари. Од нив 18 милиони за градежните работи и 10 милиони денари за челична покривна конструкција на северната трибина. Поради незавршување на обврските од договорот за рокот за изведбата, го раскинавме договорот с изведувачот на градежните работи. Неопходна е нова статика на северната трибина, каде што требаше да се постави челичната конструкција за покривот. Потребно е ажурирање на подлогите и гео-механички нови испитувања, за да се реализира проектот законски и трибините да бидат безбедни. Сите овие активности се во тек. Прилеп и ФК Победа заслужуваат Градски стадион. Тој ќе биде изграден до средината на идната година – рече Јованоски.

НОВИ ПРОЕКТИ

Локалната власт аплицираше на проектот „Маркови Кули”- заштита и делување, како природно наследство со 100.000 долари од УНДП, потоа проектот „Вештачко езеро” – нови авантури – нови можности”, вреден околу милион евра. Во тек се проекти во рамките на локалната социјалната политика, за згрижување на бездомници, проект од социјалнатѕа мобилност за помош на стари лица и проектот за општокорисна работа.

Loading