ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

Глава 1         

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Цел му е да ги пренесе приказните од народно ослободителната борба, користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

Глава 2

Една група љубопитни марулци се договориле да појдат кај убиените бугарски војници во метиловка да видат дали меѓу отепаните бугарски војници има некој Македонец или роднина. Групата што отишла кај отепаните била: Јанкоски Богдан, Новачески Јован, Новачески Живко, Јованоски Кристо и Ангелески Живко. Отишле, ги виделе отепаните војници, таму ваму немало ниту еден што го познавале расфрлани кој кај види покрај патот.

Туку одеднаш збрчил мотор одозгора од кај сињоро марулески штавички. Моторо го вози еден германски војник. Гледачите групата на убиените војници не можеле ништо повеќе што да направат, само се сокриле во долчето. Германецот застанал кај убиените војници, го навртил шмајзерот на готовс према долчето навртен се предомислил, го запалил моторот и заминал према с. Лагово.

Марулските сеирџии наместо да го напуштат местото повторно се вратиле кај убиените бугарски војници, се вратиле да ги разгледуваат. Германскиот се вратил назад, збрчил моторот од кај реката штавичка сеирџиите додека се затскривале во долчето стасал германскиот војник кај убиените бугарски војници, го застанал моторо со шмајзеро на готовс тргнал према долчето дали ги видел само децата живковци, се врати го запалил моторо заминал нагоре за кај Ушите за Канатларци. Германскиот војник повторно се вратил од кај Ушите марулски застанал кај убиените бугарски војници, ја забележал групата кај кладенчето спроти врбата на нивата на Божин Јолески Тошески зад голем камен, му пуштил неколку рафали, сеирџиите се засолниле во долчето, останале живи и неповредени си дошле дома, куртулиле од сигурна смрт. Спрема разговорот со нив, велеа да ги плаши ништо не забележале нешто знак од падот на куршумите во нивната близина.

Втора група на марулски сеирџии кои отишле кај истепаните бугарски војници во штавичка метилавка. После неколку дена од посетата од првата група на отепаните бугарски, се организирала една друга група да оди кај отепаните бугарски војници во состав: Јованоски Ванѓел Курела, Петрески Вангел Бабјак, Тошески Божин Јолески, Ѓуптино Лалако од Прилеп кој имал садено тутин во с. Марул кај Долните Павлевци Јоновци и Бозгески Јован од с. Штавица, момоче кај Долните Павлевци Јоновци.

Сите војници биле оштетени, некои биле подуени, некои веќе се распаѓале, од некои недостасувала облеката, имало оштетени тела од ноќните диви ѕверови, од птиците мршојадци и од орлите лешинари. Амбиентот околу нив бил страшно неподнослив од миризбата и од мувите црварки. Откако ги разгледале телата не потврдиле да нема нивни родонини и Македонец сеирџиите марулски го фатиле долот од Бошкоец кога дошле до местото Смесите тргнале наместо да продолжат по долот Бошкоец тргнале нагоре по ливадите викани Штавички ливади, отишле во местото Ѓорејца каде Бабјаковци имале бостан. Како што седеле мирно во бостанот збрчил мотор одоздола од кај сињорот марулско штавички. Групата сеирџии додека се сокриле Германецот го застанал моторот, фрилл еден рафал на меѓата во нивата Димитриоска и запалил моторот и заминал по патот за Ушите. Додека сеирџиите лежеле во долчето во Ѓорејца се молеле пребелени на спаситело Богородица ако му го спаси живото и ќе слугуваат. Поготово се молел Божин: Богоројчичке мајчичке спаси ме ќе ти служам слуга во нашата црква. Само што се накачиле во брегот Бошеви ридови Германецо повторно се вратил, ги забележал пак, му пуштил еден рафал со шмајзеро сеирџиите залегнале на брего Бошеви ридови во укопите од првата светска војна, ги спасиле животите. Самите сеирџии велат: Тој не плашеше, ако сакаше да не убива можеше во долчето на бостано бабјакоски до еден да не убија , тој беше чувар на патот. Така и овие сеирџии како првите ги сосиле животите од непредвидената смрт.

Распаднатите тела створиле страшна глетка и миризба во околината. Поради тоа што биле отепани во штавичкиот сињор, штавичани ги погребале, тука до долчето, крај патот за Лагово. Во летото 1965 година беа откопани остатоците и беа пренесени во Бугарија. Додека патот беше прометенв со народ, местото доби име – бугарските гробишта или гробиштата бугарски. Сега тоа име веќе е загубено за младата генерација.

После овој настан со бугарските отепани војници, Германците поставиле такаречено мртва стража на ветроводеница помеѓу сињорот марулски штавички. Местото наоколу ветроводеница ноќе било осветлено со рефлектори поврзани со батерии наполнати со струја. Ништо не смеело да се појави и приближи во околината на ветроводеница. Се што било забележано било убивано. Така преку денот во местото Преслап кај равчињата било забележано една група од шест коњи , три од Ангелески Илија, еден од Јованоски Јован, два од Јованоски Тодор. Германскиот стражар го навртил митралезот на коњите. Кобилата ја отепал, коњот и ждребето од Илија преживеале. Коњот на Јованоски го отепал и двата коњи на Јованоски Тодор биле отепани.   

Канатларчанецот Ирфан идејќи си од пазар од Прилеп како посигурен пат го зел пазарскиот пат према Штавица за Марул. Само што дошол до местото Мечкоец и Преслап бил отепан од германскиот стражар од ветроводеница. Алинските овци дотерани на пасење во присојот бонечки само што се појавиле над местото Дробениот камен под ѕидот во Веслец према марулското, германскиот стражар ги забележал овците од ветроводеница му го пуштил рафало од митралезот и биле отепани повеќе овци. Бидејќи се водела војна по ридовите Лознани помеѓу партизаните и Германците, алинчани за да ги заштитат овците и крупната стока ја дотерале на апсење во бонечкото.

(продолжува)

Loading