„ЦВЕТ ВО АМАНЕТ“ – ПОЕЗИЈА ОД ДУШАТА

Andriana RisteskaПоетската збирка, првенче, „Цвет во аманет“ од Андриана Ристеска, што беше промовирана во автентичен стил, според промоторот Цеца Видова Трајческа, излегува од душата и ги смирува сите сетила.

– Цветот што во аманет се чува скриен во стиховите на поетесата носи голема симболика и стои централно во најубавата ливада со шарени цветови на животот, љубовта, радоста и по некој темен цвет на тагата. Понирајќи длабоко во стихотворието, впивајќи го секој стих и збор од песните, се отвора стерна, лавина од емоции, напати смирени со нежни и суптилни чувства кои го галат срцето, ита и до страшни бури и виулици од кои закрила повторно се бара во песните. Песните се на високо поетско ниво каде играта на зборовите го прави најубавиот танц на чувствата и мајсторството на водење на стих – забележува  промоторката.

Поетесата Ристеска посочи дека е многу среќна што ја промовира првата збирка.

-Од мала пишувам поезија. Дури сега собрав храбрсот духовно да се ,,разголам,, пред јавноста. Се претставува душата, најскриените емоции. Книгата е наградена на поетски конкурс. Вечна инспирација е љубовта во сите облици, кон саканиот, кон семејството, децата, татковината – вели Андриана.

Стихови пренесоа рецензентот Иле Наумов,  колешките Блага Тутеска и Мирјанка Р. Селчанец, како и ученици од Гимназијата ,,Мирче Ацев,,.

Loading