НОВИ 4 АВТОБУСИ НА МЕТАН

Marija Cvetanoska avtobusi

Ќе се вклучат во градскиот превоз четири нови автобуси на метан со субвенции од Општината. Во тек е постапка за набавка на автобусите што е во согласност со заштитата на животната средина и современите еколошки закони.

– Ѓраѓаните ќе добијат градски превоз каков што заслужуваат, а претпријатието ќе ги намали трошоците за одржување и за гориво – вели Марија Цветаноска в.д. директорката ЈП за ПУП ВЕЛУИ.

Одделението за јавен градски превоз располага со 13 крајно амортизирани автобуси, со просечна старост од над 22 години и изминати 3 милиони километри.

– Во функција се 7 автобуси, кои се во лоша кондиција и континуирано ги зголемуваат трошоците за одржување. Поради сериозноста на дефектите, финансиски е неиздржано да се оспособуваат останатите автобуси. Превозот на патници на трите линии се врши со 4 автобуси, а вршиме превоз и на ученици од 3 основни и 5 средни училишта за кои се обезбедени 2 автобуса под наем. Со други 2 туристички автобуса превежуваме работници во Гентерм – вели Цветаноска.

ЈП за ПУП е вклучено во изработка на сообраќајни проекти за потребите на Општината, а во одделението за урбанизам и проектирање се изработуваат повеќе плански документации, урбанистичко-проектни документации и проекти за инфраструктура. Во фаза на изработка се 8 детални урбанистички планови, меѓу кои и двата плана за потребите на новата градинка и новиот театар.

Loading