КОМПОСТАРА СО ГРЧКИ ПАРТНЕРИ

zvonko jovanoski komunalec

Со учеството во проект со други институции и општини од Македонија и Грција, ЈКП Комуналец од ИПА програмата за прекугранична соработка ќе добие средства за набавка на машина за компостирање на органски отпад.

Проектот за примарна селекција на отпад е проширен во 12 населени места, а во функција на заштита на животната средина исчистени се повеќе диви депонии.

– Со селектираниот отпад во пакување, во овие 10 месеци селектиравме над 800 тони ваков отпад, со што Прилеп е лидер во Македонија во селектирањето отпад од пакување, односно Прилеп собира повеќе ваков отпад отколку сите останати градови заедно – вели Звонко Јованоски, в. д. директор на ЈКП „Комуналец”.

Прв пат ЈП изработи инвестициона програма, со која се предвидува набавка на 3 камиони за собирање на комунален отпад, еден подигнувач за контејнери од 5 метри кубни, еден камион цистерна за миење и перење на улиците и една хоризонтална автоматска преса во примарната селекција на отпадот, во вкупна вредност од 43 милиони денари.

За три месеци е изграден стационар за кучиња по сите европски стандарди и отворен е нов наплатен центар.

Loading