ЈКП ПАЗАРИ – ФИНАНСИСКИ СТАБИЛИЗИРАНО

Kristija Ilioski pazari

Директорот на ЈКП „Пазари“, Кристијан Илиески вели дека при доаѓањето на чело на претпријатието се соочил со безредие, финансиски проблеми, неисплатени плати и надоместоци на вработените, обврски кон добавувачите, неисплатен ДДВ, “нула” состојба на сметката. Сето тоа “спакувано” во околу 5 милиони денари.

– Со отуѓувањето на млечниот пазар и срушените дуќани, скратени се изворите на финансирање и загрозено е нормалното функционирање на пазарот. Минатите 10 години пазарот бил 4 пати покриван и уште не е покриен до крај, со што ни е направена ненадоместлива финансиска штета – истакна Илиески.

Првиот човек на ЈКП пазари најави проекти за целосно покривање на пазарот и монатажа на фотоволтаици, што ќе доведе до значителна заштеда на електрична енергија, а ќе се реконструира и управната зграда која е во исклучително лоша состојба. Со оглед на тоа што пазарот се наоѓа во централното јадро на градот, пристапноста со возила е прилично тешка, заради што ќе се работи на изнаоѓање на начин за надминување на проблемот.

Loading