ОПРЕМА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ НА ВОДА

ЈКП Водовод и канализација

Emil Janeski vodovod

Со набавката на Географски информатички систем (ГИС) и техничката опрема ќе се детекираат загубите на вода, како и девијација на канализационата мрежа.

– Со наши средства набавуваме гео-скенер со моќност и видливост на 5 метри под земја, заради идентификација на водоводната и канализационата мрежа, како и детекција на сите истекувања на водите. Се спроведува и проект за промена на водомерите, односно репарирање на старите водомери и вградување радиомодули, заради радиско отчитување на водомеритеза навремено читање и сервисирање на услугите. Вршевме замена на водоводните азбестни цевки со полиетиленски. Во процедура е преземање на сопственоста на пречистителната станица од државата на Општината, после што со одлука на Советот, стопанисувањето  ќе биде доделено на ЈКП – вели Емил Јанески, директор на ЈК Водовод и канализација.

Аплицирале пред Владата за реконструкција на старите градски извори на вода, Лково и Пашоски ливади. Дополнително ќе се изработат и проекти за двата други извори Душница и Пештерица, што значи целосна реконструкција на четирите извори од каде Прилеп до 1989 година се снабдувал со вода за пиење.

Loading