ВИТАМИНКА ВО ПАРИЗ

Успешно претставување на саемот СИАЛ

foto 1

Витаминка е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз -2018. Македонските производи се предмет на интерес на големи странски компании со оглед на досегашната репутација на Витаминка и нејзиниот голем пласман во делот на широк спектар солени и слатки производи. Се прават суштински разговори за влегување во нови договори.

-Дава резултати повеќегодишното присуство на Меѓународниот саем СИАЛ во Париз. Сепак станува збор за најголемиот настан за храна. Секоја години бројот на изложувачи ја надминува бројката од 7000 од над стотина држави. Тука не само што има голем потенцијал, туку тој потенцијал го искористивме за почетни преговори за соработка со големи добавувачи. На овој начин ги следиме светските трендови во производство на храна и разменуваме искуства, запознавајќи се со нови пазари и нови начини на комуникација – вели Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Витаминка е водечка регионална компанија во делот на кондиторијата и присуството на ваков тип на саеми е од исклучително значење за воспоставување директен контакт со дистрибутери, синџири на маркети, но и со потрошувачите.

Loading