ЛАМЈА, ЦАРЕВО ВЕНЧАВАЊЕ, МАРКОВАТА ЧАША …

Преданија и легенди за манастирот Трескавец

8C1F66EA-4B2A-4A56-AA21-05E8894697FE cx3 cy0 cw97 w1023 r1 s

Прилеп со околијата е најважниот дел од Пелагониската или Битолската епархија. Тој е многу важна точка и во однос на минатото и историјата.  Пред сé, во околината му се наоѓа трескавечкиот манастир, една знаменита светост од минатите векови. Потоа доаѓаат значајните тврдини на Марко Крале, манастирот Св. Архангел Михаил и полното со стари цркви селото Варош.

Манастирот Трескавец е еден од најстарите манастири. Тоа го покажува архитектурата на црквата, која од страните има отвори, што отсуствуваат во храмовите од поновите христијански времиња. Архитектурата го негира мислењето дека манастирот бил правен за време на Цар Душан. Трескавец треба да датира од првите христијански времиња. Преданието на месното население сведочи дека црквата е градена пред сите светогорски манастири. Населението раскажува многу за светиот манастир. Она што го предава населението го запишувам, без измени. Историчарите нека изберат што може да им биде од корист од суровиот материјал.

134094069-163259

Пред многу векови во манастирот се подвизувале обично околу 300 монаси. Една царска ќерка по име Каламарија, од родители христијани, тргнала да оди во Св. Гора да пости и да се причести. Светогорските калуѓери не í дозволиле да влезе, откако ја убедиле дека во Света Гора не стапнува никакво женско суштество. Оттаму Каламарија тргнала за Прилеп и застанала во селото Дабница, во подножјето на планината, врз која се наоѓа Трескавец. Од таму испратила барање до игуменот на манастирот дека дошла специјално да го посети манастирот во кој сака да пости и да се причести. Игуменот не í дозволил на жена нехристијанка да живее, да пости и да се причестува во манастирот. Откако царицата трипати ја повторила молбата, се јадосала. Заповедала да го нападнат и разурнат манастирот и монасите да се погубат со сите манастирски луѓе. Заповедта била исполнета. Од целото здание останала неповредена само црквата и јужниот дел од келиите кои стојат и до денес.

Во тоа време, целиот манастир бил заобиколен со тврдини, од кои се гледаат остатоци и денес. Од мршите и крвта на истепаните луѓе, се создало чудно животно, ламја, која го јадела секого во манастирот. Затоа стоел пуст цели 200 години. При ужасна бура со силни грмежи, гром паднал на црквата. Сведоци биле овчари кои ги паселе стадата во близината. Неколку дена потоа почувствувале грозна смрдеа околу манастирот. Забележале дека овчарските кучиња излегуваат од манастирот со крвави муцки. Посмелите овчари влегле во црквата и во олтарот го виделе чудното животно мртво, легнато на земјата. Грмотевицата, ровјата, го удрила и во истото време образувала пукнатина врз северните олтарни ѕидови. Пукнатината се гледа до денес. Оттогаш, манастирот го носи името Трескавец. Дотогаш се викал Златоврвски манастир.

Man-Treskavec-630x324

Преданието раскажува дека било поставено златно јаболко врз највисокиот врв на планината, од каде се добило името Златоврв. Тоа јаболко толку светело, што зраците стигнувале дури во Солунското море, кое се гледало од врвот. Тоа паднало од Златоврв во времето на грмотевиците и го убило чудното животно. Пред две-три децении едно видно прилепско семејство донесло од Виена едно жолто метално јаболко кое го поставиле на истото место на Златоврв каде што, според преданието, стоело пред многу векови. Силен ветер го кренал металното јаболко од врвот и го донесол во манастирскиот двор. Суеверното население тоа го сметало за чудо.

Овчарите кои го виделе убиеното чудовиште му раскажале на народот, кој се зафатил и го обновил манастирот. Чудовиштето го изнесле од црквата и неколку дена луѓето оделе да го гледаат. Монашкото братство веќе не се основало, а манастирот и имотот биле управувани од игумен, поставан од владика на прилепскатата околија. Старите манастирски згради постоеле до 1862 година кога за игумен бил назначен свештеникот Христо П. Трајков, од селото Долгаец, а за епитроп Никола Бутлев од Прилеп. Во нивно време манастирот се збогатил и направил нови згради со стотина одаи што им припаѓале на разните еснафи од Прилеп. Во 1866 година во почетокот на месец февруари во манастирот дошле тројца свештеници, од населението наречени пирустијата, зашто секогаш биле неразделни. Во нивно присуство манастирот се запалил и изгорел преку ноќта. Останала само црквата заедно со јужниот стар дел на келиите, останати од старото време.

Treskavec-Monastery-Uspenie-na-Presveta-Bogorodica-Prilep-Macedonia-2006-696x463

Како градското, така и селското население покажуваат голема почит кон Трескавечката светост. По пожарот, христијаните и еснафите како пчели дошле со разни подароци. За три години успеале повторно да ги кренат зградите.

Според преданието од старите христијански времиња, Трескавец бил многу богат. Поседувал огромен недвижен имот, чифлици, цели села, многу воденици, цели чаршии во Цариград, Солун, Битола и Прилеп. Според раскажувањето на простите, сите имоти биле запишани на зајачка кожа запечатена со царски печат. Трескавечкиот манастир имал хрисовул на пергамент. По горењето на манастирот, игуменот го пратил во Белград. За него добил 150 минца и една камбана. Се сочувал препис од тој хрисовул, што сум го видел и кој повеќе не е во манастирот. Ми раскажаа дека пред децении во манастирот имало полна одаја со пергаментни книги кои биле запалени по заповед на битолскиот владика Герасим. Според легендата, тој бил многу лош човек. Еден ден отепал сејменин со зенгија, оти не знаел да го држи седлото како што треба при јавање. Еден ден тој отишол на манастирскиот панаѓур. Заповедал да се соберат сите стари книги. Слегол во магерницата и му рекол на готвачот да ја наполни фурната и да испече леб со нив. Готвачот кажувал дека ја палел фурната и готварницата со зајачки книги три дена додека траел панаѓурот.

Се раскажува дека во Трескавечкиот манастир се наоѓа Марковиот Чебур, со кој тој обично се служел и кој собирал 77 оки вино. Населението кажува дека чашата од која пиел Марко Крале се чувала во манастирот, но веќе ја немало. Луѓето што ја гледале Чебур Чашата објаснуваа дека тоа била голема сребрена, зачувана од стари времиња.

treskavec-628x420

Црквата со Трескавечкиот манастир е со пет кубиња. Во внатрешноста  секое претставува посебно одделение. Четирите одделенија се од страните. Тие покажуваат дека храмот е правен многу порано од Душановото или Урошовото време. Југозападното одделение е целосно заѕидано. Оставен му е само еден прозорец. Според преданието во тоа одделение се венчал некој цар. Обичај било, според преданието, да се заѕидуваат влезовите, каде што се венчаваат царевите, за друг простосмртен човек да не стапнува таму.

Запис на Атанас Шопов од 1893 г.

Loading