ЛИДИЈА САЗДОВСКА СЛИКА „ЖЕНА“

Изложбата

zena

zena1„Жена“ е насловот на тематската изложба на дела од Лидија Саздовска, што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Академскиот сликар и ликовен педагог Лидија Саздовска ќе се претстави со 20 -тина дела кои се приказ на нејзиното богато творештво, создадено четири децении.

-Низ годините, како што се развивала, созревала и креирала личноста на уметникот, неуморно следејќи го чекорот на длабоко развиената духовна сетилност и интуитивност, се развивал и уметничкиот сликарски израз. Творештвото е класифицирано во повеќе тематски циклуси во кои се воочува постепена промена на ликовната интерпретација на женската фигура и портрет, развиток на структурата на композицијата, како и функцијата на бојата. Сликарските платна стануваат интимна приказна, запис. Секој циклус прераснува во мемоар раскажан преку бојата и формата – вели Викторија Димеска, историчар по уметност.

Саздовскае член на ДЛУМ и на ДЛУБ. За педагошката работа е добитник на две  награди.

Loading