ЕГИПЕТ – ДАР НА НИЛ

Boznstveniot del od Luksor

– Храмовите се граделе како куќи на боговите во периодот на новото царство на десниот брег на Нил

Отворање на уште една врата на светот е земјата на фараонот, Египет. Оваа земја е колевка на цивилизацијата, полна со ориентални волшебства, сонцето и песокот, медитеранските убавини… Преку 5 000 години на бреговите на реката Нил, во северна Африка се развиваше неверојатната цивилизација на стариот Египет.

Египет е една од најгусто населените земји од арапскиот свет. Главен град е Каиро. Околу 90 отсто од населението живее на брегот на реката Нил, која им дава плодна почва и храна. Без неа, нема живот. Затоа и се вели “Египет е дар на Нил”. Земјата, со историја од 6000 години, е туристичка атракција.

Каиро – градот од „Илјада и една ноќ

Каиро – градот од “Илјада и една ноќ” е ризница на културно богатство и човечки достигнувања со векови. Глетката од воздух изгледа величенствено во градот со 23 милиони жители. Низ срцето тече една од најголемите реки во светот, моќниот Нил, на патот кон Средоземјето. Во сенка на пирамидите, најголемиот град во Африка, е мистиката на светот на Арабија. Египет е украсен со најпознатите пирамиди во Гиза – Кеопсовата, Кефрова и Микеринова пирамида.

Непроценливото богатство на славното минато се чува во националниот музеј. Импресионира колекцијата на богатството на фараонот Тутанкамон. Впечатлива се посмртната златна маска, саркофазите од чисто злато, изрезбани со текст и слики, потоа кралската столица, златните остави, во кои се мумифицирани неговите органи, и други вредни експонати. Има статуи од многу фараони.

Палми, типични сиромашни египетски населби, песок, прашина… Тоа е вистинскиот Египет! На брегот покрај Нил сé се менува. Врзани луксузни бродови на 3-4 ката, блескаат во мермер и злато. Возењето по Нил е како бајка.

Асуан е град со голем шарм. Луксузни хотели како да излегуваат од  брегот на Нил. Градот е полн со романтика. Се случувале многу љубови и животни приказни. Агата Кристи го напишала романот ,,Смрт на Нил,,. Со градењето на браните, настрадале многу храмови. Еден од храмовите е посветен на божицата Изида, сместен на островот Фила во Насеровото Езеро. Пловењето по Нил е како низ река, опкружена со палми и банани, додека во далечината ѕиркаат песочните дини на Сахара.

Хатшепсут – првата жена фараон

Луксор е најголем светски музеј на отворено.  На прочуената Долина на кралевите, на левиот брег на Нил, се закопани фараоните и нивните жени од новото кралство. Недалеку се наоѓа  импозантната градба, приклештена во карпи. Тоа е храмот на првата жена фараон, Хатшепсут, која владеела претворајќи се во маж. Оваа мудра жена го кренала најимпресивниот храм, надвиснат на потполно гола планина, со моќен изглед од кој запира здивот.

Многу владетели оставиле трага. Такви се храмовите, посветени за брачната двојка – богот на сонцето Амон Ра и богињата Мут. Храмовите се граделе како куќи на боговите. Вообичаениот влез го сочинуваат два реда сфинги и два обелиска. Најимпресивен е Карнак – храмот на богот Амон Ра со колонада од 134 огромни столбови кои оставаат без здив.

Египет е оаза на човечност, недопрена од западната работливост, стрес, технолошки развој и трка за профит.

imagesНАЈГОЛЕМА Е КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА

Пирамидите на фараоните се на 12 км. од Каиро. Трите пирамиди се гробници, изработени од дедото, синот и внукот фараон, Кеопс, Кеферин и Микерин. Најголема е Кеопсовата, која и се вика Голема пирамида и претставува едно од седумте светски чуда. 4 000 години беше најголема градба. Висока е 147 м. со основа од 230 м2. Над 20 илјади робови прецизно ја изградиле од гранитни и варовнички блокови тешки од 2 – 15 тони. Градбата траела над 20. Кеопсовиот син ја изградил Кеференовата пирамида, висока 143,5 метри. Најмалата пирамида му припаѓа на внукот на фараонот Кеопс, Микерин. Висока е 65 метри.

Тука е и најпознатата, големата свинга на фараонот Кеферин.  Свингата е џиновска скулптура на лав со Божје лице, обликована по примерот на Богот – крал Кеферин. Висока е 20 метри.

Loading