„ЛЕПЕНИ, СЕЧЕНИ, МОНТИРАНИ“ ОД СЕРГЕЈ ДАМОВСКИ

Sergej damovski so izlozba pred  prilepcani

Атрактивни дела насловени „Лепени, сечени, монтирани“ ќе изложи уметникот Сергеј Дамовски вечерва од 19.30 ч. во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

Дамовски е дипломиран ликовен педагог – вајарство од ФЛУ. Професорот од средно училиште во Скопје изминатите години активно учествувал во културното творештво во земјата, преку многу самостојни и групни изложби и колонии во земјава и во странство.

Добитник е на награда за најдобар портрет 2004 на ДЛУМ,  на награда за вајарство ,,Јордан Грабул,, 2013… Бил и претседател на ДЛУМ. Учествувал и на колонијата Дрен.

Loading