БЕЛ ДЕН ЗА „ЕМОЦИИ – МАКЕДОНСКА СРЕДБА“

Книгата „Емоции – македонска средба“ од авторите Марилена Бијанки Страит, Беатриче Бресан, Игор Трпчески, Драгица Здравеска и Ристо Тошески е нова книга. Издавањето е под покровителство на Проф. Д-р Марилена Бијанки Страит, научник и куратор од Европска организација за нуклеарни истражувања во Женева, Швајцарија. Бијанки Страит е и ментор на многу студенти. Имала раководни функции за обуки и трансфер на технологии.

Воодушевена од првата посета на Македонија и сакајќи да остави нешто свое во земјата за која ги напиша песните содржани во збирката  направи спој на нејзината поезија со поезијата на тројца домашни автори и двајца илустратори.

Збирката е обид за надминување на културолошките и личните граници на поетите кои случајно живеат на различни гегографски одредници, но имаат исти копнежи и желби, преживуваат слични работи, се борат со слични стравови и имаат слични очекувања. Преку песните таа го искажува восхитот и изразува почит кон сите луѓе запознаени во Македонија.

Loading