ПРВА ЛОГОПЕДСКА СЛИКОВНИЦА „ПОДАРИ МИ НАСМЕВКА“

Prva logopedska slikovnica

Под мотото „Сакајте го своето дете и оставете ја работата дома“ беше претставена првата логопедска сликовница „Подари ми насмевка“ од Катерина Иваноска Вангелова и Татјана Петреска.

Сликовницата изобилува со совети за родителите и игри за децата со цел да се стимулира развојот на говорот на децата за да можат навремено да го усвојат правилниот изговор на гласовите.

Авторката Катерина Иваноска Вангелова, родител, добива совети од Петреска за своето дете уште на негова двегодишна возраст, ги применува, а успехот е очигледен и видлив за најблиските и околината.

slika za slikovnica

– Најважниот совет е ,,Сакајте го своето дете и оставете ја работата дома”. Знаејќи колку малку време имаат родителите да читаат денес, покрај обврската да ги растат децата, па макар и да се едуцираат преку литература за развојот на децата, дојдов на идеја за концептот да се создаде  логопедска сликовницаи која им е од помош на сите деца и родители. Читајќи ја сликовницата родителите и децата учат. Родителот лесно ќе се потсетува кои игри да се играат, а детето ќе биде мотивирано да ги игра разгледувајќи ја сликовницата – вели Катерина.

Авторката Татјана Петреска има 25 годишно искуство како логопед во логопедска амбуланта. Покрај што работи со говор на деца, таа им дава стручни совети на родителите како да му помогнат на своите деца преку игра.

Loading