ЉУБОВ КОН БЛИЖНИТЕ ПРЕКУ ДАР

На Цветници, хуманитарна акција во сите цркви

Hram Sveta Petka

В недела, на празникот Цветници, кој го означува влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, во сите цркви во Прилеп се организира хуманитарна акција за донирање на парични средства или материјален прилог, за 100 сиромашни семејства да ја почувствуваат воскресенската радост и да се зарадуваат во најсветиот и најрадосен празник Велигден.  Акцијата се спроведува во божјите храмови Свето Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и во црквата Св. Петка, каде ќе има поставено посебно означени кутии за собирање на паричниот прилог.

Хуманитарната акција се организира по деветти пат во пресрет на најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден на прилепското Архијерејско намесништво при МПЦ. 

Со дарувањето се споделува љубов кон ближните. Добрите дела се вечни, оти предизвикуваат радост кај другите со кои сакаме да го поделиме лебот.

Loading