БАШЕСКИ СО „ГУШЕЊЕ“ ВО МАРИБОР

Deloto od Baseski pretstaveno vo  Maribor

Уникатнио прилепски и македонски автор Жарко Башески продолжува да ја претставува Македонија на изложби. Вторпат се претставува во Марибор со првиот интермедијален труд Гушење, кој е премиера пред светската турнеа. Башески во мултимедијалниот центар Кибла до 1 март ја претстави гигантската глава од силикон, најлон и со природна коса под наслов Гушење.

Според мариборските весници скулптурата на Башески е силен симбол на состојбата на животот на современиот човек и претставува очаен крик на човештвото кое се гуши во агонија. Човечкото лице е полно со страв и ужас – заробено во проѕирната пластична кеса – се гуши барајќи воздух додека во мислите (видео-проекција на темето) течат сликите на спомените од неговиот живот.

-Ова е  метафора на денешнината  – изјави  Башески.

Пред меѓународниот пробив беше претставувањето на Македонија преку ЦК ,,Марко Цепенков,, на  Венециското биенале пред седум години. Според скулпторот, тоа била најзначајната манифестација на современата уметност во светот.

Уметничкиот се претстави во Њујорк, Париз, Билбао, Прага, Рига, Берлин, Нирнберг, Мексико, Малта, во Италија. Во Словенија тој првпат се појави во рамките на групната изложба исто во Марибор во 2016 година.

Zarko Baseski prodolzuva da ja  pretstavuva Makedonija so unikatnite skulpturi

Loading