ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ВО СКИЈАЊЕ

За претставничките на гимназијата „Мирче Ацев“

skijanje

На Државното првенство во скијање, ученичките од прилепската гимназија  „Мирче Ацев“ освоија две трети места. Скијачкиот тим кој ги бранеше боите на Гимназијата на чело со професорот по спорт Даниел Василески и годинава постигна одлични резултати. Освоени се два бронзени медали и четврто место. Со бронза се закитија Георгина Ѓорческа и Ана Геогриеска, а Ева Грозоска се пласира на четвртото место.

– Се спремавме подолго време. Работевме на ски патеките и на  тактичко-теоретски дел.  Професорот Даниел организираше и специјални подготовки каде што скијавме и на капии и постојано ни дава поддршка. Можам и повеќе – изјави Ана Георгиеска.

– Задоволна сум од постигнатиот резултат. Ги исполнив дадените насоки од професорот Даниел, се подготвував за натпреварот и освоив медал. До година ќе се трудам да бидам подобра – изјави Георгина Ѓорческа .

– Ова е плод на долгогодишна работа со овие деца каде желбата и ентузијазмот кон скијањето се на високо ниво. Огранизиравме специјални подготовки за скијање со капии каде ретко кој има можност да тренира во такви услови.

dve-treti-mesta-skijanje

Децата беа дисциплинирани и “гладни” за нови знаења, се подобруваа и крајот го краси делото. Бевме блиску до постигнување на подобри резулатати и освојување на уште два медали, но ова е спорт. До година ќе се трудиме да бидеме подобри” изјави професорот по спорт Даниел Василески.

На државното првенство во скијање кое се одржа на 16 февруари на Копанки, Пелистер во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, учествуваа повеќе од 200 скијачи.

Loading