На изложбата на цртежи и маски за Прочка 2018
Меѓу 700-те маски и цетежи за карневалот Прочка 2018, изработени од учениците од основните и средните училишта, жири комисијата ги награди најкреативните. Парични награди понесоа учениците: Димитар Илиоски од 8-5 одд. од ОУ ,,Блаже Конески,,, Иван Крстески од 1-1 одд. од СОУ ,,Ѓорче Петров,, и Давор Степаноски од СОУ ,,Орде Чопела,,, кои се добитници на прва награда. Втора награда добија учениците од дневниот центар Ѕуница, потоа Андреа Мирческа од ОУ ,,Кирил и Методиј,, од селото Подмол и Александар Гулабоски, ученик во гимназијата ,,Мирче Ацев,,. Третото место им припадна на учениците: Марија Долеска од 8-2 одд. од ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане, Семих Келенкоски од ОУ ,,Кирил и Методиј,, од Канатларци и Филип Трајкоски од 4-3 клас од гимназијата ,,Мирче Ацев,,.