ПОЕЗИЈА ВО ЧАША

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

Poezija vo casa - nezaboraven   nastan

Поетско музичкиот настан насловен „Поезија во чаша“ кој традиционално го одржуваат гимназијалците по повод 14 февруари, и годинава изобилуваше со емоции, убава музика и насмевки на присутните. Беше поразличен од сите други настани затоа што најголемиот дел од прикажаното, почнувајќи од постерот, рецитацијата и поезијата беа лични дела на учениците од СОУ Гимназија “Мирче Ацев”. За постерот се погрижи Марија Ристеска I-4. Солисти на вечерта беа Ивона Нанческа, Антонио Николоски, Ангела Зероска, Теодора Димеска, Стефан Ангелески, Натали Китаноска и Бистра Петреска. Музичко-техничкиот дел го реализира Гоце Илиески и Стефан Костоски. Рецитатори беа Александра Илиеска, Стефанија Стефаноска, Теодора Димеска, Афродита Петкоска, Марија  Дисоска, Симона Паскоска, Исидора Стеваноска, Сана Котеска, Евгениј Темелкоски, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Александар Петрески. Поезијата и прозата беа дело на гимназијалците: Елена Ристеска, Симона Паскоска, Афродита Петкоска, Исидора Стеваноска, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Теодора Бошкоска. Кординатори беа професорите Мартин Наумоски и Наталија Гарбеска. Настанот, кој беше ноќ која не се заборава и создаде многу спомени,  беше поддржан од директорот Димче Настоски. 

Loading