КУТИЈА ЗА НАКИТ ОД ВЕСНИЦИ

Драгица Велкоска изработува ракотворби

Daci Velkoska

– Натурализираната велешанка која речиси една деценија е прилепска снаа, Драгица Велкоска, црта на штиче за сецкање, од тетрапак паковка од млеко прави плик ташни. Изработува рачно сувенири

D3Од каде ја носите уметничката дарба, дали сте самоук творец или имате завршено уметничко ушилиште?

– Љубовта кон цртањето, правењето декоративни предмети го имав од дете. Паметам постојано нешто цртав, лепев, сама шиев фустанчиња за куклите. Љубовта ме држи цел живот, па научив дека од сé, буквално од сé, може да се направи нешто интересно и корисно.

Што може да биде материјал за изработка, цртате на глина, на порцелан, на перничиња. Кои суровини ги користите?

– Од тетрапак паковка од млеко или сок изработив плик ташна обложена со материјал. Користам сé што ќе најдам дома и декорирани со чипка… Од камчињата собирани по плажите изработувам доста интересни и уникатни слики. Од глина создавам уникатен накит. Процес на изработка го правам сама, од дизајн до печење, боење. Цртам на порцелански чаши и чинии, перничиња кои ги кројам, шијам, цртам…

Ја негувате и традицијата, народните мотиви. Споредба меѓу современите мотиви и традиционалните, носии, везови. Што се бара повеќе?

– Во дуќанот се најдуваат и слики на платно, слики изработени на дрво со камчиња, кутии за накит, декоративни шишиња, сувенири од глина со македонски етно мотиви и многу други интересни украси. Сите се изработени рачно. Има заинтересираност. Сувенирите од глина се барани и ги носам низ цела Македонија.

Како се чувствувате кога творите? Колку тоа ве исполнува, колку време поминувате цртајќи?

– Во главата ми се вртат толку многу идеи што кога ќе седнам не знам што прво да реализирам. Творењето ме опушта. Едноставно не мислам на ништо, освен на идејата. Од цртежот зависи за колку време украсот ќе биде готов. Сепак потребно е доста трпение.      

Дали е хоби кое прераснува во вносен бизнис?

– Украсувам по нарачка чоколадца по избор, за роденден, за слава. Личност сум која не може да прави исто постојано. Една недела цртам на глина, ми здосадува и почнувам со порцелан, продолжувам со камчиња, па со накит, некој украс, шијам нешто и… Се трудам, иако не можат да ме разберат. Се чудат кога ќе им покажам кутија за накит изработена од весници и кога ќе им кажам колку време сум ја изработувала. Најмногу ме разбираат странците, зошто знаат колку многу вреди рачната изработка.

Идеи и планови?

– Желба ми е да творам со рециклиран материјал за што треба доста труд. Сакам да им дадам сјај, убавина, да им ја продолжам употребната вредност на потрошените предмети и материјали. 

D1

D2

D4

D5

D6

Loading