СО „ЕЛ НИЊО“ ДО ПРВОТО МЕСТО

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

2 el-ninjo

И оваа година, учениците од трета и четврата година од Гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваа на натпреварот „Ноември – месец на науката“. Со демонстрација на феноменот „Ел Нињо“ од областа на географијата,  прва награда освоија учениците Ана Димоска и Христијан Стомнароски од четврта година.

– Изминативе четири години неколкупати се докажувале со своите знаења во географијата. Освоиле неколку први и втори места на државните натпревари – вели менторот Виолета Проскоска Велкоска, професор по географија. 

Настанот го организираа Сојузот на хемичари и технолози заедно со Природно – математичкиот факултет од Скопје.

Loading