ЗА ЖЕНСКИТЕ СРЦА

СОУ „Ѓорче Петров

4 Sou Gjorce Petrov

Под мотото „Со срце за секоја една“ учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ испратија пораки за борба против насилството врз жените и девојките. Преку перформанс го создадоа симболот со цел да се подигне свеста кај учениците.

– Дадовме поддршка во портокалова боја, учениците да го препознаат насилството, да се запознаат со тоа каде да го пријават, а и да кажат “СТОП” за насилството – вели Петра Лукароска, професор по стручни предмети во СОУ „Ѓорче Петров”

Настанот е дел од кампањата за стоп на насилството почнат на 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството, а завршува на 10 декември.

Да се искорнат стереотипите, што ги потценуваат женските гласови и да се покаже дека насилството е неприфатливо и нема да се толерира од никого, се тенденциите на Европската комисија. Статистиката покажува дека секоја трета жена или девојка е жртва на насилство и тоа од најблиските.

Loading