СОУ „Орде Чопела“
СОУ „Орде Чопела“ успешно реализира уште една фаза од Еразмус+ проектот на насловен „Да го расплетеме минатото, за да ја исткаеме иднината“, но овојпат со многу поодговорна улога како домаќин на проектниот состанок.
– Бевме оквалификувани како одлични домаќини со организација без никакви пропусти или проблеми како како што изјави професорката од Италија Кристина Изабел Павишич која што ги спроведува ваквите Еразмус+ проекти веќе 20 години во нејзиното училиште. Прилеп и Македонија се откритие во позитивна смисла. Учениците од Македонија имаат голем придонес, а се разбира и колегите кои мене како координатор многу ми помогнаа – вели Каролина Дамјаноска.
Учествувале 33 ученици и 15 професори од Чешка, Италија, Шпанија и експерт од Велика Британија.