ЕКОЛОШКА ЕДУКАЦИЈА

Гимназија „Мирче Ацев

5 Integriran cas co gimnazijata

Со неколку активности гимназијата „Мирче Ацев“ ги одбележа Светските денови на еко – училиштата што е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји. Организираа собирна акција на стара хартија. Се одржа интегриран наставен час по историја, македонски, англиски, француски, германски и италијански јазик. Ученичката Симона Тошеска имаше презентација на тема „Хемијата низ војните, историјат на бојните отрови”.  Работеа во групи и пишуваа еко-пораки на неколкуте јазици и на листови во различна боја кои ги залепија на огласната табла во училиштето.

Целта на активностите е подигнување на свеста на учениците за одржување на чиста и здрава животна средина. За организацијата и спроведување на активностите одговорни беа професорите Весна Михаиловска, Николче Богданоски, Весна Илиеска, Елена Келтаноска Лашкоска , Бети Наумческа, Мирјана Бошкоска и Габриела Пацаноска, во соработка со директорот Димче Настоски и педагогот Светлана Барлакоска.

Фондацијата за еколошка едукација шестипат ги организира Светските денови на акција на меѓународно ниво. Во Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата, која во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”. 

Loading