МИХАИЛ – АНГЕЛ НАД АНГЕЛИТЕ

Манастирски комплекс Свети Архангел Михаил во Варош

Arhangel 1

Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни слави е празникот Собор на Свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

arhangel 2

Предизвикува интерес кај посетителот, не само убавината на манастирот, туку и исцелителната моќ на водата која извира од кладенецот. За водата која блика, Марко Цепенко забележал дека во турско време некое турско дете се измокрило во отвореното кладенче,  по што се вкочанило и ослепело. Молитвите и миењето од водите на изворот му помогнале да се излекува.

Монашкото сестринство во манастирот го нарекува кладенецот, богородичен извор. 

arhangel 3

-Чудотворна е водата од богородичниот извор. Мајката Божја за сите се застапува и ја лекува секоја немоќ на нашите души и тела. Еден човек кажа дека неговиот внук прогледал пред неколку години, откако го измиле со вода од изворот – раскажуваат монахињите.

Многу луѓе од цела Македонија ја почитуваат легендата и денес. Доаѓаат на кладенецот да наполнат водат и да се исцелат од некоја болест.

Припиен во сивите карпи под крепоста на Кралот Марко, во манастирскиот комплекс се наѕираат камбанаријата, црквата и старите и новите конаци.

arhangel 4

Манастирот е вратен на црквата и обновен монашкиот живот во 1991 година. Во храмот се пронајдени едни од најстарите фрески. Доста оштетени, сепак се препознаваат композиции на Страдањата Христови и Чудата на Св. Архангел Михаил. Од двете страни на влезот во цел раст се насликани фигури на кралот Волкашин и син му Марко. Манастирскиот комплекс е познат и по фрагментот од фреска од 12 век на Св. Архангел Гаврил.

Многу години во манастирот живеат неколку монахињи.  Тие сметаат дека монаштвото е благословен начин на живот во православната црква. Владиката Климент духовно се грижи за монашката заедница. Велат дека масовната посета е за празникот Голем петок или Источен петок. Од памтивек, првиот петок по Велигден е слава на граѓаните од Варош. Народот масовно го посетува манастирот заради живоносниот источник наречен Балаклија.

arhangel 5

Монашкото сестринство слика икони работени по преданието во ореово дрво, со заднина од 24 каратно злато, обоени со природни пигменти растопени со жолчка од јајце. На пасионираните колекционери на икони им се нуди творештвото преку порачки.

Посетителите на манастирот се воодушевуваат од убавината на старата архитектура, богатството на икони и фрески,  импресивната глетка на Пелагонија. Доаѓаат амбасадори, министри, студенти и научници, секакви луѓе да го задоволат љубопитсвото и да ги нахранат очите. Ја облагородуват душата секое парче од манастирот загрнат од сивите карпи под Маркукуле.

Празник на помош на болните

Manastirsko bogatsvo se del  od mostite  na svetciteot manastir

Празникот Собор на Свети архангел Михаил се празнува на 21 ноември според новиот (или на 8 ноември според стариот) календар. Споменат е во Откровението (12:7), но и во Стариот Завет по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Во народното верување архангел Михаил е претставен со меч. Марко Цепенков на едно место запишал дека „кога ќе умирал чоек, ангелот му се јавуал откај глаата, а смртта откај нозете. (На праведниот му се јавуал ангело и смртта многу весели, а на грешнио многу смуртени и страшни.) (…) Ангело бил со ножо в раце и со терезија, а смртта со една торба алати, како од некој мајстор, турли-турли алати имала: тесла, тесличе, пиличка, пила, секира, глето, копан и друзи многу”. М. Цепенков забележал дека и кога се венчавале луѓето ангелот Божји стоел до нив. „За прва венчанија на зет и невеста, кога се венчаваат, му идел ангел Божи од небото и стојал над младоженците на рамената, та му држел венците и штом да се довенчаат, ќе летнел ангелот на часот и ќе појдел кај Бога, та ќе му кажел. Второ венчање пак ангелот идел, ама назад од младоженците стојал и по една недела ќе одел кај Бога за да му кажит. А пак во треќата венчанија ангелот многу скраја стојал и ич не одел кај Бога за да му кажи за да се радуваат ангелите”.

Posle 150 godini nov istocen konak   vo mastirot Sv. Arhangel

Постојат многу традиционални верувања за овој ангел. Тој ги посетува сите болни луѓе – доколку застане кај нозете не е добро, а ако застане над главата ќе биде добро и болниот ќе се излекува. Се верува дека болните треба да му се помолат на св Архангел Михаил и да побараат излекување. Овој светец се поврзува со болните и со искупување на гревовите на грешните.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Црквата датира од 11 век

Privlecen manastriski kompleks

Најстарите податоци за постоењето на црквата датираат од 11 век. Тоа се откриените фрески на Свети Архангел Михаил и на фигурата на неидентификуван светец, сочувани на големите  карпи. Двете карпи биле малтерисани и насликани на малата црквичка, која се наоѓа под подот на денешниот божји храм. За постоењето на духовното светилиште во 12 век сведочат сочуваниот ѕид на север и сочуваниот фрескоживопис, со видливи елементи, како што велат историчарите по уметност, на кралски портрети и фрагменти на ликови од светци. Кон некогашната црква била доградена ,,западната црква,, во која има сочувани фрески од 13 век, меѓу кои и ктиторскиот кој го држи моделот на црквата.

Еден век подоцна, во 14-тиот, била зографисана ,,источната црква,,. Сведок се фреските од олтарниот простор и портретите на Волкашин и на Крали Марко на пиластрите на западната фасада, лево и десно од влезот на црквата. Податоците говорат дека во 16 век се обновил источниот дел од црквата. Во 1861 година црквата е обновена со поставување на свод, изградба на отворен трем и на камбанарија. Кога завршила обновата, се изградило и западното крило на манастирските конаци. Црквата е во форма на еднокорабна градба со нагласен источен и западен дел. Остатоците од фрески кои датираат од 11 и 12 век фасцинираат и говорат дека извонредни зографи сликале мајсторски дела. Можат да се забележат фреските ,,Христос пред Пилат,, ,,Патот на Голготата,, ,,Симнувањето на крстот,, додека на северниот ѕид е насликана монументалната фигура на Архангел Михаил, по кој е именувана црквата.

Varoska riznica e manastirot Sveti Arghangel Mihaili

Легендата за потеклото на манастирот почнува во 10  век, кога непознат ученик на Свети Климент, се населил во некоја од карпите каде водел осаменички живот. Името не е познато, но во прилог на легендата зборува фактот што местото каде што се наоѓа манастирот се вика кај Светецот. Црквата е изградена на старо култно место за што сведочат античките мермерни столбови кои се употребени во нејзината изградба.

Мошти од Св. Козма и Дамјан и на Св. Стилијан

Манастирско богатство се дел од моштите на тројца светци. Монашкото сестринство внимателно ги негува и чува дел од моштите на Св. Козма и Дамјан, и на Св. Стилијан, бидејќи се раритет. Манастирската реликвија е привлечна за верниците.

Мермерен натпис со кирилско писмо    

На мермените колони на тремот пред влезот на црквата се наоѓа сочуван запис на кирилско писмо од 996 година. На натипсот се споменува смртта на Андреа. Тој е значаен затоа што е втор по старост словенски натпис со кирилски букви.

Еден од 77-те храма во Варош

Според преданијата во Варош во време на Крали Марко имало 77 цркви. Од нив освен Св. Архангел Михаил, останати се само Св. Димитрија, Св. Никола, Св. Петар, Св. Пречиста, Св. Аатанасие… Варошани велат дека  црквите биле изградени од кралеви и банови, а најмногу од Крале Марко. 

Loading