ГРАН ПРИ ЗА НАЈКРЕАТИВЕН СУШИ МАЈСТОР ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ

Ќе пукнат Јапонците од мака – Македонец ги победи на Светскиот шампионат

– Се обидува да меша македонска и скандинавска кујна, во јапонската и така создава нови идеи и вкусови

Makedonecot Pepi Anevski  gi pobedi japonskite gotvaci vo susi vo Tokio

Прилепчанецот по мајка, Пепи Аневски е победник на Светскиот Суши Куп Јапонија. Македонското сонце како инспирација и комбинацијата на македонската и скандинавската кујна ги “турна” на колена Јапонците кои му ја доделија гран – при наградата за подготовка и аранжирање на суши во индивидуална конкуренција меѓу 18 учесници од Јапонија и странство на натпреварот во Чиба во токискиот залив.

Македонско сонце на јапонска чинија

Генот од македонското поднебје кој го носи и скандинавските натурализирани навики, го доведоа 40 годишниот Пепи Аневски на тронот да се закити со наградата “Most Creative Sushi Master Award”.

1002231 550039805043945 2087476971 n

– Направив суши за кои инспирација ми беа нашите 4 годишни времиња. За “зима” направив нигири суши од школка со соја и путер, за “пролет” – со бела риба и икра од скандинавска риба, за “лето” – суши со чаден лосос и јаготки што е типично за Скандинавија, а за “есен” нигири суши од хамачи риба со “yuzuvinaigrette i bottarga”.  Ги ставив на секој ќош на чинијата, а во средина направив “maki i gunkan”, што требаше да го презентира сонцето што свети во сите 4 сезони. Во “маки суши” ставив ракчиња, кориандер, краставица и печени домати што ми текна од македонската кујна, а во “гункан суши”, пак, омар со морков и авокадо. Комбинацијата ги импонира јапонските судии, особено што комбинирав во јапонско суши македонско и скандинавско. Им објаснував на Јапонците за Македонија и нашата култура. Има сличности, можеби повеќе меѓу јапонската со скандинавската кујна. Многу детали имаше на чинијата. Добив многу поени и за хигиената, ептен важна во сушито, бидејќи се работи со свежа риба. Јапонската кујна е многу чиста, во сушито нема многу печење и мрсни додатоци. Тренирав 2 месеци пред да ги комбинирам сите шмектови. Важно беше да има една тема во презентирањето па затоа го нареков “Тhe sun across the four seasons”. Горд сум и радосен за победата – објаснува мајсторот Пепи Аневски.

1176225 10151744712650737 1384778230 n

Готвач за Јапонците во амбасадата во Копенхаген

Меѓу врвните во светот суши готвачи, кои се собираат на Светскиот суши Куп во Јапонија, на Аневски му помогнала креативност и инспирацијата за правење суши. Натпреварот се организира да се разменат искуства, да се развијат мрежи на суши мајстори, со контрола на квалитетот, како и да се пронајдат новите трендови и стилови на подготовка на суши кои се водечки не само во јапонските  ресторани, туку  и во светски рамки. Учесниците морале да имаат над 5 години професионално готвачко искуство и да платат 10.000 јени за учество.

1382972 10152003649809319 1935828453 n

– Располагам со искуство и познавање на јапонската кујна повеќе од 14 години. Размислував за новите вкусови за воодушевување на  судиите, а да се држи до јапонската традиција. Почнав да работам во една јапонска кујна пред 16 години најпрвин во Шведска. Се заинтересирав и добив работа во Копенхаген, во Данска каде што има големо разбирање за јапонското јадење. При работата во разни ресторани, постојано учев нешто ново. Се обидував да мешам македонска и скандинавска кујна. Така ми текнуваа нови идеи и вкусови. На скандинавското првенство во 2008 г. освоив второ место. Во 2012 г. се запознав со господинот Казато Сан од Јапонија, кој бараше таленти за светското првенство. Му помагав при готвењето во јапонската амбасада во Копенхаген. Ме покани да се натпреварувам во Токио. Во Јапонија беше многу тешко. Требаше да подготвиме јадење за еден ден, па другиот ден да се натпреваруваме. Имаше готвачи од Америка, Уругвај, Сингапур, Јапонија… Натпреварот траеше 45 минути, а судиите пробуваа и даваа поени. Ме оценија за прво место, а на второ Јапонец. Бидејки победи еден “Не Јапонец” сите прашуваа од кај сум. Мојот одговор беше: “Јас сум Македонец од Шведска, кој работи во Данска” – вели Аневски.

14222121 10153836405390737 5009179781990254933 n

Македонец и во срце, и по корен

Пепи Аневски е роден во Шведска, во градот Малме. Татко му е од битолско, а мајка му од Прилеп, поточно од Небрегово. Родителите заминале на печалба во 1970 г. Секое лето се враќале во Македонија.

– Растен сум во Македонија и Шведска. Првиот јазик што го научив беше македонскиот. Шведскиот јазик го научив на 7 години  со училиштето. Швеѓаните ме “сметаат” како нивни, а и од друга страна кога си одам дома, во Македонија, ме гледаат како странец. А јас сум Македонец кој живее во Шведска и не можам друго да бидам, оти Македонци се и татко ми и мајка ми – вели Аневски.

19884242 2492755457414738 6102144915317649736 n

Оженет е. И сопругата, со која имаат два сина, е половина Македонка. Секое лето доаѓаат во Македонија да ги посетат роднините и да се врати во куќата каде што растел. Посетата на Македонија ја одложи за да замине во Јапонија од каде ја донесе наградата “Готвач на годината” и да продолжи да ги открива тајните на специјалитетот “суши” од еден од најдобрите јапонски готвачи.

Здравје со суши

Јапонската храна е многу добра за здравјето. Суши-јадењата се речиси сосема лишени од масти. Рибите што најчесто се користат во јапонската кујна се туна, лосос и бела риба. Богати се со протеини и многу полесно се варат. Во Јапонија рибата се приготвува пред очите на клиентот. Познатиот јапонски специјалитет прв го измислил Ханаја Јошеи од Едоа, во 1820 година. Сушито кој тој го подготвил во неговата работилница содржело свежо исечена сурова риба или морски плодови во комбинација со ориз. Поими “суши” е професионално име за засладен и зачинет зеленчук, “маки” – ориз и ролни со риба и зеленчук, а “нигири” –  пакет со ориз со јапонски рен и филе од сурова и варена риба. 

22853342 1590744124305595 4753206724508052475 n

Loading