ЕСЕНТА ВО КНИГА

ОУ „Добре Јованоски

2 esenski sliki

Најубавото годишно време за многумина, кое изобилува со прекрасни жолти нијанси, есентта, беше инспирација за учениците од ОУ „Добре Јованоски“. Особено на темата одговорија децата од од 4-7 одд. Тие станаа и сликари и поети и составувачи на сликовница.

Пред да го стават есенскиот мозаик во книга, одржаа настава во природа. Набљудувањето на промените во околината која ги опкружува, го почнаа од домот, од вратата, од стапнувањето во куќниот двор и движењето по улицата. Од средбата со сивите облаци, од шушкањето на листовите под нозете кон патот за училиште. Ги набљудуваа и им се воодушевуваа на формите на листовите, на нијансите на жолтата боја која оди во различни тонови.   

Есенските убавини ги преточија во книга наречена „Есенски слики”.

3 Ipresii od esenskite sliki

Loading