17 МЕДАЛИ ЗА СЕИШИН

На  16-ти  Меѓународен Турнир во џудо „Прилеп Опен-2017“, Клубот Сеишин учествуваше со 20 натпреварувачи, а освоени 17 медали и тоа 4 златни, 6 сребрени и 7 бронзени. Димитри Џокоски, Теодора Тасеска, Вероника Белушанец и Јован Најдоски го освоија првото место во различните категории, со сребро се закитија Теа Настоска, Магдалена Најдоска, Леона Настоска, Орде Трајкоски, Валентин Димитриоски и Марио Цинцароски. Бронзени медали освоија Теона Настоска, Матеа Дамческа, Михаил Ристески, Никола Магдески, Андреј Сотироски, Михаил Димоски и Георгиј Магдески. Победниците се од 10 до 15 годишна возраст.

Loading