ОУ „Кочо Рацин“
Детската недела свечено се одбележа и во ОУ „Кочо Рацин“. Со кажување на свечената заклетва првачињата станаа членови на детската организација на Македонија. Заедно со наставниците и родителите преку организираните работилници ги запишаа и испратија пораките за правата на децата. Креативноста ја изразија и во училишниот двор каде секое дете ја напиша и испрати својата порака.