ПЕШНА – ПЕШТЕРА НА КРАЛЕ МАРКО, КОМИТИТЕ, ПАРТИЗАНИТЕ

Pesna polna so misterii

Атрактивната пештера Пешна во близина на Македонски брод според спелеолозите, има најголем отвор на Балканот со височина од 40 метри, широчината 56 метри и должината од124 метри. За жителите на Порече, таа е најпривлечна и мистериозна, оти е лесно пристапна. Од утробата извира цела река која тече од излезот вгнезден во густа шума со чист воздух. Пролетните води исчезнуваат во лето. Затоа биле сезонски и некогашните 13 воденици од кои и денес ѕиркаат камени останати ѕидови. Според населението, водата понира од селото Крапа и формира неколку езерца и водопади во најголемиот пештерски систем кај нас, за кој се претпоставува дека е долг дури десет километри.

Њујорк тајмс ја споредил со сцените од филмот ,,Господарот на прстените,,. Таинственоста ја откриваат жителите од селото Локвица во непосредна близина. Пред пештерата имало гробница. Но, легендата што се ја раскажува е дека таму живеела една од сестрите на Крале Марко, која се викала Пешна. Се верува дека според неа го добила името. Сведоштва се и остатоците од тврдината Дева во чие средиште била палатата на втората сестра на Марко. Едно од преданијата зборува за таинствени подземни тунели. Според кажувањата, двете тврдини ги поврзувале ходници и каналии што воделе низ подземјето. Легендите потврдуваат дека животот во Пешна датира од неолитот, односно 5.000-6.000 п.н.е., кој траел до 15 век. Таму имало и римска населба. Сведоштво се остатоците од гробници покрај пештерата. Подземјето служело и за засолниште за комитите и за партизаните.

Пештерата била истражувана од спелеолози од Црна Гора, Полска и од Франција.

Loading