ЌАТИП ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД

2 Sveditelstva za kraj - OU Rampo   Levkata

Учениците веќе имаат и црно на бело за вложениот труд. Ги добија и сведителствата во кои нумерички се изразени знаењата постигнати во текот на годината. За ќатипот кој се добива на крајот на учебната година, обично дедовците и бабите, вујните и стрините лепат по некоја стотка, па и илјадарка. Мајките и татковците пак помодерно сега купуваат нов модел на паметен телефон.

Добивањето на сведителствата, наставничката Бисера Вишиноска од ОУ “Рампо Левката” го круниса со заедничка фотографија на која се гледаат насмеаните лица на учениците. А пак таа на нејзиниот ФБ профил напиша: Дојде крајот – среќен распуст и многу успеси во 6 одд. Посакувам да се гордееме понатаму со вашите успеси!!

Loading