Археолозите во акција
Екипа од Заводот и Музеј го оконча истражувањата на локалитетот Мал Сурун кај селото Дупјачани. На акрополниот простор на овој карпест рид кој доминира над околината, откриени се остатоци од неколку веројатно култни градби.
– Според пронајдените предмети од накит, оружје, монети и керамички садови, биле во функција во бронзеното време и во доцно македонскиот период, во вториот П.Н.Е.. Една од градбите покрај карпа за месното население е позната како “престол”. Делкана е да наликува на престол – вели археологот Душко Темелкоски, раководител на проектот, според кого акрополата на ридот е поврзана со античкиот град Колобаиса.
Истражувањата беа во рамките на програмата на Министерството за култура.
Деновиве почнаа нови истражувања на локалиетот Стибера кај село Чепигово.
– Првпат се открива градба која е позиционирана веднаш до храмот на богинката Тихе, заштитничка на градот. Станува збор за објект во која се вршеле дел од обредните процесии поврзани со култот кон божицата – вели Темелкоски.
Истражувањата се продолжение на претходните години и се дел од капиталните проекти поддржани од Управата за заштита на културното наследство.