КРУНА ЗА НАЈПЕТКАШИТЕ

Финале на најпетка со палачинки

ОУ „Блаже Конески“ најучилиште

Palacinki za kraj na ucenjeto

Точно 16 награди подели градоначалникот Марјан Ристески на традиционалната манифестација избор на најпетка во организација на неделникот Зенит, а во која конкурираа неколку илјади основци, сите наставници и седумте ОУ во градот. Тутулата најучилиште годинава ја понесе ОУ „Блаже Конески“. Училиштето водено од Марија Дулевска имаше буен подем во сите домени. Најмногу одлични имаше во одделението, 9-1 од ОУ „Климент Охридски”. Тоа е носител на наградата најодделение. Годинешната свеченост обилуваше со забава во аранжман на ОУ ,,Гоце Делчев”, бидејќи ова училиште лани се искачи на врвот. Децата играа, пееја и ги забавуваа другарчињата, родителите, наставниците и најпеткашите, збогатувајќи ја манифестацијата, давајќи и дух на весело детство и уживајќи во вкусните десерти од палачинкијадата, која локалната самоуправа ја подготвува секој јуни за епилог на учебната година.

Најученик од  ОУ ,,Кочо Рацин,, е Марко Илиоски – 9-ѓ,  од ОУ ,,Климент Охридски”,  Веселина Јованоска – 9-1, од ОУ ,,Рампо Левката”, Тамара Седлоска – 9-в, од ОУ ,,Добре Јованоски” Исамедин Османоски – 9-4, од ОУ ,,Блаже Конески” Матеј Стојановски, од ОУ ,,Гоце Делчев” Благојче Овезоски 9-г и од ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане” Ненад Јакимов – 9-3. Со признанија најставник се закитија наставничките  Валентина Деспотоска од ОУ „Кочо Рацин”, Лидија Карапееска од ОУ „Климент Охридски”, Елеонора Гешоска од ОУ „Рампо Левката”, Маја Најдоска од ОУ „Добре Јованоски”, Горјан Василевски од ОУ „Блаже Конески”, Билјана Јагуриноска од ОУ „Гоце Делчев” и Маријана Петлеска од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане”.

{AG}456-1/petka{/AG}

Учениците и петкашите ,,облечени,, со нови знаења ќе се одмораат летово, ќе се забавуваат денски и навечер по плоштадите и маалата, ќе играат на компјутери и ќе прочитаат некоја лектира. Дел ќе им помагаат на родителите во земјоделските работи, а дел ќе се разладуваат во водите на прилепските базени, македонските езера или блиските мориња. Некои ќе ги посетат роднините во селата или градовите, чекајќи ја новата трка по знаења во почетокот на септември, кога повторно Зенит ќе ги поттикнува во откривање на нови видици во процесот на образованието и ќе ги стимулира да бидат нај.

Loading