ПОСЕТА НА РУДНИКОТ “БУЧИМ”

СОУ “Ѓорче Петров”

4. Iskustvo na teren - ucenicite od SOU Gjorce Petrov

Учениците од геолошко – рударската струка од СОУ “Ѓорче Петров” го посетија рудникот за бакар и злато “Бучим”. Според програмата за практична настава се набљудуваат рудници. Главни рудни метали во наоѓалиштето кое се наоѓа во близина на Радовиш, се бакарот, златото и среброто. „Бучим” припаѓа на порфирските наоѓалишта. Учениците се запознаа со системот на експлоатација на бакарната руда и со постројките за подготовка на минералната суровина. Го открија начинот на работа на рудникот, ја видоа спомен собата, направија панорамско разгледување на површинскиот коп, како и увид во дамперот и погонот за флотација. Стекнаа искуство од терен. 

Loading