ОУ „Св. Кирил и Методиј” – Канатларци
ОУ “Св. Кирил и Методиј” од Канатларци со пригодна програма го одбележа патрониот празник. На приредбата, учениците изведоа повеќе точки, потсетија на ликот и делото на Светите Браќа. Имаа рецитали, песнички и презентација на традиционални песни и ора.
– Училиште е вклучено во многу важни активности за подигнување на нивото за заштита на животната средина. Реализирани се значајни проекти, отворена е градинката – вели Влатко Кузманоски, директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј”.
Училиштето ќе биде комплетно препокривање и ќе се изгради повеќенаменско игралиште.