МЕНИ ЗА СТАРИ

СОУ „Орде Чопела

Nutricionistite na delo - ucenicite od SOU Orde Copela

Техничарите нутриционисти од IV-2 клас беа во посета на детската градинка „Наша иднина“ и на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“. Заедно со советите од тимот на нутриционисти и кувари, составуваа диети за различни старосни групи.

Улогата на нутриционистот е да ги сумира сите фактори и да направи квантитативна и квалитативна анализа, а потоа и комбинација на сите макро и микронутриенти да се постигне целта, оптималниот внес на хранливи продукти. Се фатија во костец со болестите на старите лица и лековите кои ги примаат, па мораа повнимателно да ја осмислуваат диетата која претставува определен и набљудуван начин на исхрана, одреден со некоја цел или тенденција од страна на стручно лице. Внимаваа во изборот на намирниците кои во староста не предизвикуваат тешкотии со варењето, ја зајакнуваат отпорноста, ја зголемуваат енергијата и значително ја подобруваат состојбата на старите лица кои боледуваат од хронични болести. За појадокот им препорачуваа помалку мрсни млечни производи и леб од интегрални житарки, додека во ручекот вклучија поголемо внесување брокула, карфиол, спањаќ, цвекло и други зеленчуци. При составување на диетите за старите лица го ограничија консумирањето сол, шеќер, бело брашно и бел ориз. Стручно советуваа дека вечерата треба да биде лесна и најдоцна три часа пред спиење. 

Loading