МОЈОТ ГРАД

Заедно растеме

мојот град и јас.

Низ пишани редови

ќе ви раскажам за нас.

 

Ќе ве прошетам низ време,

на јунаци славни,

на војници

и војсководци главни.

 

И да почнам така редум,

преку Маркови кули славни,

па да слезам долу до Саат кулата

сé до Могилата на непобедените.

 

Од лево чаршијата

носи тешко бреме,

нејзините сокаци раскажуваат

за едно одамна минато време.

 

И модерен, и современ дел

има градот мој,

модерното и убавото

тука има спој.

 

И тоа не е сé што има,

бргу дојди, види сам,

дека ќе бидеш воодушевен,

тоа јас добро го знам.

 

Тргни, допатувај,

ако бар малку те повикав на пат,

тука ќе те пречекаме од срце

јас и мојот град.

 

Анета Здравеска – IX – 1 одд.

ментор: Јулијана Талеска

ОУ “Климент Охридски”

Loading