ДЕН НА УЧИЛИШНИ КОМПАНИИ

СОУ  „Кузман Јосифоски – Питу

Od teorija vo praksa - ucenicite od SOU K J Pitu

Учениците од четврта година на СОУ  „Кузман Јосифоски – Питу“ ги презентираа практичните знаења, вештини и способности, стекнати во средното образование, преку виртуелни училишни компании. И деветтото издание на саемот на училишните компании, насловен како „Ден на училишните компании 2017,, ги поттикнува развојот на претприемничкиот дух и сопствената одлука за избор на дејноста.

– За три дена продефилираа повеќе од 600 ученици од основните училишта кои се запознаа со теоретската настава која се применува во практиката. На часовите по практична настава,  учениците  регистрираат  компанија, аплицираат за работно место, работа во сектори, тргуваат со други училишни компании, соработуваат со реални партнер фирми. Оттука произлегува креативноста кај учениците, доаѓа до израз при изработката на рекламен материјал, постери, каталози, флаери, визит карти… – објаснува Васко Гајтаноски, директор на СОУ “Кузман Јосифски – Питу„.

Саемот е одличен пример учениците да видат како се формира приватен бизнис. 

Loading