СОУ „Ѓорче Петров“
СОУ „Ѓорче Петров“ беше домаќин на седмиот општински натпревар во спелување „Spelling Bee“ во меѓусебна организација со Мировниот корпус. На натпреварот учествуваа 107 ученици од Општината и околината.
– Учениците имаат задача точно да спелуваат 10 зборови на англиски јазик, што претставува интересен начин на изучување на англискиот вокабулар. Учествуваа деца од 5 до 9 одделение од основните и сите од средните училишта. Секоја година имаме претставници на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Битола на 29 април и на државниот натпревар во Скопје во Американскиот Колеџ. Натпреварот има цел и за правилно пишување на зборовите, стекнувајќи ново интересно искуство и дружење со нови пријатели како на општинско така и на регионално и државно ниво – изјави професорката по Англиски јазик, а воедно и организатор на овој натпревар, Емилија Ѓорѓиева Велкоски.
Годинава волонтери од Мировниот корпус и дел од жирито беа Миранда Кохен и Сабрина Ноел, како и наставниците Емилија Ѓорѓиева Велкоски, Марина Димоска, Неда Ченто, Кети Ефремоска, Катерина Пацаноска и Мери Свеќароска.