ПОМИСЛАТА „СÉ ГОТОВО“ МЕ ЧИНЕШЕ ТИТУЛА

Пинг-понг: Александар Рикалоски од Младост 96

– Во одлучувачкиот седми сет имав водство од 4-0, но нијанси одлучија да го загубам полуфиналето – вели третопласираниот

Dva medala - Aleksandar   Rikaloski

Еден од најинтересните пингпонгарски настани сезонава беше Државното младинско првенство во салата на СОУ ,,Добре Јованоски”. Учествуваа најдобрите од земјава. Во женска конкуренција беа 12, а во машка 29. Единствениот прилепски претставник, Александар Рикалоски (Младост 96), го освои првото место во двојки, заедно со штипјанецот Филип Костадиновски, а во поединечна конкуренција се пласира на третото место.

Какви се впечатоците?

– Задоволен сум од играта, но од пласманот делумно. Целта ми беше финалето и борба за победа.

Што се случи во полуфиналето?

– Противникот Методи Бужаровски од Скопје покажа одлична игра. Одлучуваа нијанси. Наизменично добивавме сетови до 3-3, а во седмиот сет имав почетно водство од 4-0, но се случи поразот.

Објаснување?

– Дали помислата ,,сé е готово” беше решавачка и не сум во можност да кажам.

Се најдоа сили за бронзата?

– По загубеното полуфинале моралот падна, но квалитетот на моја страна беше очигледен. Извојував победа со 4-2 над виничанецот Леонид Гошев.

Кој беше најдобриот меч?

– Без загубен сет стигнав до четвртфиналето, но најдобрата партија беше полуфиналната, против Бужаровски.

Како гледаш на себе?

– Една од подобрите особини е тоа што влегувам на секој меч доста мотивирано. Како недостаток го оценувам тоа што ми е потребна поголема концентрација во завршницата.

Каков е шампионот?

– Костадиновски е играч кој напредува во секој поглед. Игра за суперлигашкиот лидер УГД Штип. Имам само пофални зборови за него. Во меѓусебните игри сме тука некаде. На првиот турнир за ранг-листата го совладав со 4-1.

Титулата во двојки?

– Очекувана. Не беше лесно. Имаше доста интересни натпревари, но финалето против Бужаровски и Стојчев беше вистинското и го добивме со 3-1.

На ред се суперлигашките мечеви?

– Таму имаме резултати за почит – од четири меча се три победи и осум бода, за петто место. Најверојатно без бараж остануваме во лигата.

В недела е градското дерби?

– Секој меч со Младост е своја приказна. Посебен е жарот и желбата за докажување. Имаме четири бода предност пред нив и сме растоварени.  Боли ланскиот пораз при наше водство од 4-2 и ќе дадеме се од себе да победиме.

Ping pong

Светски ден

Вчера беше Светскиот ден на пинг-понгот. ПК Младост 96 во соработка со Пингпонгарската федерација на Македонија на плоштадот ,,Методија Андонов – Ченто” имаше и забава и игра за популаризација на овој спорт. Од претпладневните до попладневните часови на отворено се играа партии пинг-понг на неколку поставени маси, а пред многубројните гледачи.

Stari i mladi na  pingpog masi na plocnik

Loading