ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА ДРЖАВЕН ВЕТЕР ЗА ИНОВАЦИИТЕ

За бизнис секторот

Drzaven finanski veter vo grbot za inventivnite kompanii

Иновативните идеи со солидно очекување за комерцијализација ги поддржува Фондот за иновации и технолошки развој до 85 проценти од вкупниот буџет или максимум до 30.000 евра. Претставници на Фондот го презентираа четвртиот повик за апликации и грантови за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) – ,,старт-ап,, и ,,спин-оф,, претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1 отсто или повеќе), другата можност е кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновациите. Проектите за оваа варијанта може да ги поднесат поединциечен апликант (микро, мало или средно претпријатие) или конзорциум, воден од микро, мало или средно претпријатие. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува до 70 отсто или  максимум до 100 илјади евра.

На располагање вкупно се 1,45 милиони евра, од кои милион е за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат комерцијализација и иновација и 450 илјади уште за 15 ,,старт ап,, претпријатија. Досега Фондот  додели 1,5 милион евра за поддршка на 37 компании.

– На располагање е отворениот повик до 3 мај. Компаниите со иновации можат да аплицираат. Треба само да се внимава на процедурата при апликацијата. Можност е да се конкурира за 30.000 евра, доколку се ,,старт ап,, или ,,спин оф,, компании, односно претпријатијата да имаат соработка со научно истражувачките институции. Од друга страна, на располагање се средства до 100.000 евра по проект за компаниите со понапредна фаза на иновацијата. Ги охрабрувам сите компании да присуствуваат на инфо сесиите организирани од Фондот или да се обратат за информација за полесно да се дојде до средствата – вели Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Според неа, пример е компанијата Металотехника, која разви иновација во градежништвото за хидроизолација.

-Друг пример е компанијата Био инженеринг од Скопје која има партнерство со болницата Филип Втори и нудат една нова иновативна метода во здравството за генетски истражувања и испитувања. Тука е и иновацијата за рециклирање на стаклен отпад од Акрон. Проектите сее атрактивни и се надевам дека сите граѓани ќе имаат бенефит – рече Поповска.

Од локалната самоуправа, како домаќини, оценија дека ваквите програми, мерки и фондови од Владата помагаат за развојот на економијата и намалувањето на невработеноста.

– Очекуваме доста заинтересирани компании, микро, мали и средни претпријатија, затоа што ова е можност да се искористат средствата од овој Фонд за разни иновативни програми и технолошки развој. Тоа ќе го поттикне развојот на компаниите во подобрување на ефикасноста, технологијата, стручната подготвеност на вработените и секако отворање на нови работни места. Соработката со Владата, не само со Фондот за иновации, туку и со АВРМ, раѓа плодови, бидејќи се отворија голем број на работни места и се намали невработеноста. Продолжува соработката со бизнис секторот преку Владата и соодветните Агенции, зашто со тоа се стимулира развојот на економијата. Едновремено, расте бизнис секторот и се отвораат нови работни места, се влијае на освојувањето на нови пазари и подобрување на квалитетот на производството – изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Фондот за иновации и технолошки развој постои од 2013 година. 

Loading