ПОЖАРНИКАРИТЕ БДЕАТ СО МОДЕРНА ТЕХНИКА

– Спас на луѓе од бунари и шахти

Naslovna

Неколку децении територијалната противпожарна екипа е браник на животот и имотот на граѓаните од огнените стихии, а последниве години и спас од последици од поплави или е во служба на спасување на животи на повредените во сообраќајни несреќи. Дури пожарникарите учествуваат во спасување на заглавено дете во шахта или извлекување на паднат човек во бунар. Кој знае колку необични интервенции имале овие луѓе кои професионално и стручно ја извршуваат работата, ставајќи го сопствениот живот на коцка во борбата со пламените јазици. Обучената екипа постојано бдее 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Граѓаните се најсреќни кога пожарникарите немаат работа.

Последниве годни не само што се комплетирани, туку и обучени за новите предизвици. Дури е адаптиран нов модерен простор со место за возилата, техниката во поранешниот објект на индустриското училиште. За градежни активности и набавка на опрема во ТППЕ во изминатиов период се вложени околу 700.000 евра.

За справување со стихијата противпожарната единица е технички опремена со најсовремени средства, алати, мобилни машини, возила за брза интервенција. Локалните власти, особено последнава деценија, им е грб на пожарникарите. Без задршка и штедење, нивните технички и кадровски потреби се ставени на чело на приоритетната листа за опремување. За годинава е планирано обновување на дел од возниот парк со три теренски возила, камионети со надградба, потоа високо потисна пумпа, резервар, црево во витло. За тоа локалната самуправа ќе оддели 60.000 евра. Се планира и ново сообраќајно решение за влезот и излезот во објектот. И амбиентот на објектот ќе се дотерува со асфалтирање на дворот  пред противпожарниот дом. Се очекува набавка уште на едно возило преку донација. Планирано е дупчење на бунари за технолошка вода за потребите на ТППЕ. Условите во моментите на штрек и приправност ќе се подобрат со инсталирање на централно греење, нов канцелариски мебел и компјутерска опрема. Ќе се постават колектори, фотоволтаици, за производство на електрична енергија од сонце за користење на зелена енергија, ефикасност и штедење.

Non-stop na strek

За одржување на вештините во интервенциите и осознавање на други иновативни начини на справување со пожарите ќе се изведува обука за гаснење пожари во повеќекатници, возила и пожари на отворен простор.

Со преземањето на пожарникарите под капата на локалната самоуправа во 2005 година се подигна ефикасноста на интервенциите. Единицата е составена од 34 пожарникари во четири одделенија, а во функција на населението во прилепската, долненска и кривогаштанската општина, во кои живеат 96 илјади жители во 108 села на територија од 1.722 км2. За една година пожарникарите имаат до 550 пријави за пожари и други непогоди. Лани имало 490 пријави, од кои 197 биле за пожари на објекти со вредност од околу 7,5 милиони денари, 141 пријава за пожари на шумски и земјоделски површини и депонии на 237.35 хектари. Имало и 28 пожари на патнички и товарни возила и земјоделски машини. Имало и е 44 технички интервенции во сообраќајни незгоди, поплави, спасување на лица од височини и длабочини и слично. Единицата била на помош во 40 случаи на обезбедувања на објекти и настани, носење вода до места каде имало потреба.

Пожарникарите соработуваат со искусни колеги од невладини организации од областа на противпожарната заштита од Велика Британија и Франција. Членовите на единицата се обучени за технички интервенции и спасување на лица од сообраќајни незгоди. Проверено е и стекнатото знаење со показни вежби. Тие усвоија и вештини за гаснење на пожари на отворен простор со каскадно носење вода од ниски до највисоки предели. Возачите имаа обука за возење на тешко пристапни терени.

Brzi intervencii so moderna tehnika

Француските и англиските колеги преку асоцијациите донираа опрема од 15 илјади евра (хидраулични ножици за спасување на лица во сообраќајни незгоди, воздуши перничина за дигање на товар и комплет дишни апарати), кои се користат. Во 2014 година со колегите од Грција за 60.000 евра, единицата се опреми со заштитна облека (шлем, чизми, ракавици, јакна и панталони) и голем број на хидранти, кои, беа поставени низ градот и во сите села во соработка со ЈП Водовод и канализација.

Единицата доби две нови навални противпожарни возила опремени со средства и опрема за гасење на пожари на објекти во урбана средина и со опрема за технички интервенции за 350.000 евра.

Затоа прилепските пожарникари се најефикасни во земјава. 

Loading