НОВИ ЛИНИИ И НОВИ АВТОБУСИ

ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Dejan Naseski rakovoditel na Javniot gradski prevozЈавниот градски превоз (ЈГП) функционира како Одделение при ЈП за Просторни и урбанистички планови. Обезбедувањето на евтин јавен превоз е еден од битните капитални проекти на локалната самоуправа. Од април 2014, или речиси три години од стартот, функционираат три линии, дијаметрално распоредени низ градот. Редовно, секој работен ден, вклучувајќи ја и саботата, сообраќаат пет нископодни автобуси.

– На линиите 1 и 2 имаме по два нископодни автобуси кои меѓусебно се  разминуваат и нивното време на минување е на секои 30 минути, односно: линија 1: Хотел Салида – Нови Гробишта  од 6.30 до 13.30 часот секои 30 минути и  Хотел Салида – Трло (Варош) после 14 до 20:30 часот; линија 1А, Нови гробишта – Хотел Салида од 6.30 до 20.30 секои 30 минути и Трло (Варош) – Хотел Салида после 14.30 до 20.30 часот; линија 2: Рид (Ридтекс) – Економски факултет во 6:30 до 20:30 секои 30 минути, линија 2А: Економски факултет – Рид (Ридтекс)   во 6.30 до 20.30 секои 30 минути. На линија 3 е еден нископоден автобус, кој минува секои 60 минути од почетната станица или Терминус. Линија 3, АМСМ – Ресторан Амфора во 6.30 од АМСМ секои 60 минути до 20.30 часот. Во неделите   и државните празници имаме посебен режим. Вонредната неделна линија на која редовно сообраќаат два автобуси. Почетна станица е х.Салида во 6.30 часот (првиот автобус) 7.30 часот (вториот автобус) или секои 60 минути има автобус за Новите градски гробишта и назад до х.Салида. Трасата на движење на автобусите е изменета од делничното сообраќање. Последен автобус од Новите гробишта е во 14.30 часот. Неделната траса е комбинација од сите три делнични линии, поради должината. Се минуваат повеќе километри за што е потребно повеќевреме да се стигне до крајната дестинација. Со неделното движење се опфатени и старите градски гробишта. Граѓаните имаат можност да ги задоволат целосно потребите за превоз и навремено и безбедно да стигнат до саканите дестинации – објаснува Дејан Насески, работоводител во Одделението за јавен градски превоз при ЈП за ПУП.

Komfornitocni i brzi avtobusi

Според него, за државните и верските празници се засилува неделната вонредна линија со повеќе автобуси, корисниците да бидат побрзо превезени  до крајната цел.  

Во служба на граѓаните е ставен на располагање наплатен центар за продажба и надополнување на електронски картички. Едновремено можат да се добијат сите информации за функционирањето на автобусите од ЈГП. Наплата за превозот се врши во автобусите на два начина – со монети или електронска  наплата со електронски картички.

– Првиот систем за наплата со монети користи исклучиво монети од 5 и 10 денари. Пожелно е патниците да обезбедат монети заради побрз проток на  луѓето без застој, а со тоа без задоцнување на автобусите. Цената на едно возење со монети чини 20 денари. Таа е основна цена која не е променета. За електронските картички, цената на едно возење, во зависност од бројот на возењата, во просек е 15 денари. За учениците и студентите постојат повластени цени каде едно возење изнесува 7 денари. Лицата со инвалидитет се ослободени од плаќање – вели Насески.

Vonredna linija

Покрај линискиот превоз, ЈГП превезува ученици со дополнителни четири автобуси.

– За подобрување на обемот и темпото, како и за задоволување на барањата на граѓаните за одредени делови на градот каде минатиов период немало соодветна линија на градските автобуси, планирано е пуштање на две  нови линии со што ќе се покрие целиот град со јавен превоз. Со  зголемување и обновување на возниот парк, во најскоро време ќе се стават на услуга на граѓаните две нови линии кои се одобрени од Советот на Општината. Станува збор за линија 4: Стадион Маркови Кули – Бензиска Матадор и линија 5: населба Тризла 2 – населба Кузман 3. На двете линии ќе има по еден автобус или обрт  од 60 минути – најавуваНасески.

Бенефит од ЈГП имаат сите граѓани, бидејќи брзо и безбедно стигнуваат до саканата крајна постојка, и тоа за доста ниска цена. Сите пофалби, поплаки од граѓаните и нивните идеи се добредојдени во канцеларијата на ЈГП. Вработените секојдневно стојат на располагање бидејќи се сервис на граѓаните.

ЛИНИЈА 4

Линија 4 од стадионот Маркови кули до Бензинскста пумпа Матадор

44

Трасата се протега радијално низ градот поврзувајќи ги двата терминуси со вкупна должина од 6,1 километри и време на обрт на трасата од 60 минути.

ЛИНИЈА 5

Линија 5 од крстосницата на ул. ,,Тризла,, и ,,Авала,,  до ,,3-ти ноември на кракот

55

Трасата се протега радијално низ градот поврзувајќи ги двата терминуси со вкупна должина од 4,2 километри и време на обрт од 60 минути во двата правци.

Loading